Седници на неколку собраниски комисии

Седници денеска се одржат неколку комисии на Собранието на Република Северна Македонија.

Денеска ќе заседаваат комисиите за финансирање и и буџет, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за финаснирање и буџет меѓу другите во прво читање ќе го разгледаат Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светка банка по договор за заем за развојни политики за јавни финансии и конкуретност.

Во прво читање на дневен ред се и Предлог – закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот.

На дневен ред на Комисијата за за транспорт, врски и екологија се Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство во второ читање и  Нацрт-просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во второ читање и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за виното во прво читање се на дневен ред на Комисијата за земоделство, а пред членовите на Комисијата за економски прашања ќе се најде Годишен извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2018 година.

На седницата на Закондавно-правната комисија е предвидено да се разгледаат предлозите кои денеска претходно ќе поминат во матичните комисии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *