Во Крива Паланка распишан конкурсот за Осмооктомвриска награда и почесен граѓанин на Крива Паланка

Општина Крива Паланка го распиша конкурот за  доделување на наградите „8-ми Октомври“,  „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и  „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на општината за 2019 година.
Наградата „8-ми Октомври“ на општина Крива Паланка се доделува на  физички и правни лица од  Крива Паланка и Република Северна Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и во светот.
Наградата 8-ми Октомври покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности и истата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.
Наградата „Почесен граѓанин на Крива Паланка“  се доделува на поединец–физичко лице државјанин на Република Северна Македонија  или странец за исклучителни заслуги и афирмација на Крива Паланка  во Европа и светот.
Од Општината информираат дека по повод 8 Октомври, денот на ослободување на градот ќе бидат  доделени и  признанија за особени постигнувања  и придонес за развојот и афирмацијата  на Крива Паланка.
Признанијата  се доделуваат  на поединци и правни лица  од  Крива Паланка,  од државата и странство како и на странски и меѓународни организации за значајно  остварување и постигнување  во вкупниот  општествен развој од сите области на животот и трудот  за  унапредување  и афирмација  на локалната самоуправа во општина Крива Паланка.
Право да предлагаат кандидати за наградите и признанијата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.
Конкурсот трае осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до одборот за доделување награди и признанија на  Крива Паланка во архивата најдоцна до 18 септември 2019 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *