Во тек е 5-тата година во која Македонското општество е нападнато со прислушувани материјали. Заев ја отвори „пандорината кутија“, ја јавна „аждајата“ и веќе никој нема контрола. Фрчат снимки на сите страни. Ниту се знае кој се пазарел со снимките, какви трампи се договарани, дали се уценувани луѓе со снимки со приватна содржина! Тотален хаос! Што е уште пострашно се создава атмосфера во која луѓето се во паника заради тоа што мислат дека секој може да снима дури и најобични муабети. Затоа што нема одговорност и правна разрешница. Уште повеќе, никој не верува дека и тие што треба да ја истераат правдата се чисти и не се и самите ортаци во злоупотребите! Паралелно луѓето кои редовно си плаќаат даноци, си ги извршуваат сите обврски согласно законите, лојални се на Татковината, имаат мака да им објаснат на младите што се вистински вредности. Едноставно, благодарение на неспособноста на немакедонската Влада граѓаните чувствуваат правна несигурност. Обичните смртници одговараат за 5 кебапчиња, Државните и партиските функционери се недопирливи! Се’ за пусти пари!

КОЈ СИ ИГРА СО ОГАН, ОД НЕГО ЌЕ ИЗГОРИ! ЗАЕВ, СО БОМБИ ДОЈДЕ СО БОМБИ ЌЕ СИ ЗАМИНЕШ! ЕУ СПОНЗОРИТЕ КОИ ЈА ИНСТАЛИРАА ОВАА НЕНАРОДНА ВЛАСТ, СЕГА СЕ ПРИНУДЕНИ ДА СИ ГИ ПЕРАТ РАЦЕТЕ! КОРУПЦИЈАТА Е НАВЛЕЗЕНА ТОЛКУ ДЛАБОКО ШТО ГИ ЗАГРОЗУВА ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ!

САМО НЕМОЈ ДА СЕ ЛАЖЕТЕ! БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ, ОДГОВОРНОСТ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ ШТО ЈА ДОНЕСОА МАКЕДОНИЈА НА ОВА ДЕРЕЏЕ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE