Честитка по повод Курбан Бајрам

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи,  до членовите на Ријасетот, до муфтиите и имамите и до сите граѓани кои го празнуваат Курбан Бајрам.

-Овој празник нека донесе многу радост, благосостојба и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски. Љубовта и грижата за најблиските нека бидат поттик за среќа и општа благосостојба на секој граѓанин во општеството, нека потсетува постојано на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање, дијалог и толеранција како суштински услови за мир, соживот и среќа, се наведува во честитката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *