РАУЛ ОПТИМИСТ, МИРКУЛОВСКИ ПОДГОТВЕН

Селекторот на македонската ракометна федерација, Раул Гонзалес, во освртот кон утрешниот натпревар против селекцијата на Германија, кусо, како и секогаш, без многу еуфорија и анализи рече:

-Пред се сакам да им честитам на моите ракометари за играта и победата во овие две тешки средби. Играа со срце и заслужено победија. Што се однесува до Германија, мислам дека оваа селекција ќе игра најмалку во полуфинале.Тоа е исклучително силен тим, но ние мора да веруваме во себе. Ќе биде многу тешко, но ќе сториме се да дојдеме до позитивен резултат.

Добра вест за Раул, но и за сите навивачи на македонскиот национален тим е што Филип Миркуловски, човекот кој и дава тон на играта на Македонија на ова ЕП ги надмина проблемите со повредата и ќе биде подготвен за утрешниот натпревар.

-Миркуловски е супер, очекувам да игра со Германија – кусо како и секогаш прокоментира популарниот “Ел Команданте”.