Писмена реакција за Законот за употреба на Албанскиот јазик

Почитувани,

Со оглед на фактот што се уште тече рокот за Законот за употреба на јазиците да стапи во сила, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРЕЊА! ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТПИШАН! УСТАВНИОТ СУД МОРА ДА ЈА ЗАШТИТИ ИДНИНАТА НА ТАТКОВИНАТА!

Законот за двојазичност е спротивен на Македонскиот Устав. Со него се официјализира политичкиот терор на едно малцинство врз целиот Македонски народ. Скандалозното изедначување на Албанскиот со Македонскиот јазик е напад врз Македонскиот идентитет од внатре и тоа по Грчки терк.

Зарем треба Талат Џафери да ја отвори седницата на Албански јазик кога Генералниот Секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг ќе се обраќа во Македонското Собрание? Претседателот Ѓорѓе Иванов не смее повеќе да тактизира, туку одважно да соопшти дека указот за прогласување на овој Закон нема да биде потпишан.

Последиците од евентуалното стапување на сила на овој Закон допрва ќе доаѓаат. Македонците се уште ги плаќаат фактурите од кукавичката и предавничка амнестија на Хашките случаи во 2011. Мора да извлечеме поука.

БРАЌА И СЕСТРИ МОРА ДА ДЕЛУВАМЕ! СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА ТАТКОВИНАТА МОРА ДА СЕ ОДБРАНАТ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Македонската Алијанса бара мораториум за сите условувања на Албанските партии се додека не се согласат да се спроведе законски попис. Претседател на Државната пописна Комисија да биде лице со висок морален кредибилитет кој ќе биде предлог на Македонската Дијаспора и кој не бил вмешан во претходните пазари на политичките партии. Најодговорните Македонски политички партии не смеат никогаш повеќе да прифаќаат уцени за да бидат власт.

 

 

One thought on “Писмена реакција за Законот за употреба на Албанскиот јазик

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *