“Од Панонија до Егеј” – Историска реконструкција на палеобалнанските ( старобалкански) и егејските популации

 

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ

ДЕЛ 6

ИСТОРИСКА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАЛЕОБАЛКАНСКИТЕ (СТАРОБАЛКАНСКИТЕ) И ЕГЕЈСКИТЕ ПОПУЛАЦИИ

*****

Од антиката до денес, проучувањето на палеобалкансите и егејските популации зазема значајно место во истражувањата на археолозите, историчарите и лингвистите. Историјата (расказ за познатото, истраженото), како наука, го проучува развојот на човечкото општество. Нејзините почетоци архетипски се јавуваат со првата писменост.

*****************

Најстарите историски податоци ги забележале блискоисточните народи, Еѓипчаните, Хетитите, Вавилонците и др. Тоа го направиле прво на камени, глинен и бронзени плочки, а потоа на папируси.

Првите информации за “северните” народи (Борејците) се сочувани во египетските споменици кои датираат околу 1400 години пред Христа каде се јавуваат имиња на народите : Дануни, Сакалаши, Шарадони и др. (Childe, 1926 г., 63, 72). Во Хетиските документи за време на кралот Мурсила Втори (1345-1315), како и за време на египетскиот фараон Рамзес Втори (1317-1251), се јавуваат имињата на народите: Шеридани, Луки, Илиуни, Келикиши и Мизи. Следат податоци од  Мернептах (Merneptah) (1225-1215), кој на северните граници на Египет ги победил “северните орди на целиот свет”, составени од Луки, Шеридани, Турши (Тирис, митски крал на Тракија), Акаиваши (Ахејци) и Шакалаши. (Thomson, 1954 г., 227, 228).

Неколку години подоцна, 1194 г. пред Христа, Рамзес Трети, во Делтата Нил, ги одбил непријателски напади на “северните” народи, под називите: Данауни, Пелешати, Уашашаи, Такруи. Оваа победа е овековечена на натписот во храмот Мединет Хабу во Теба (Childe, 1926 г., 63, 72).

Меѓу морските народи од север, Мелаарт (1978г., 70-78) ги набројува уште: Неохетити, Фриги и Урартруи, а Страбон (XI, 14, 527, XVI, 1, 23) и Мигдонците од околината  на Нисибис. Хомер (VIII век пред Христа) во својата “Илијада”, каде опејува многу јунаци на разни народи на Балканот и Мала Азија, во второто пеење ги опишува ахејските лаѓи (484-785). Како народи ги набројува: Ахеите, Данаите, Аргеите, Минојците и др., додека во тројанските чети (786-877) ги вбројува: Пелазгите, Дарданите, Трачаните, Пеонците, Фригите, Мисиите од Дунав, Меонците, Карците, Ликијците и др.

Сепак, Херодот (485-424) г. пред Христа) е тој кој како творец на првата историска композиција, во своето значајно дело “Историја”, дал попрецизни податоци за создавачите на новата култура на Балканот и егејскиот басен. Овој генијален човек го направил преминот од легендите кон историјата и неговата работа претставува не само високо книжевно, туку и историско дело. Тие значајни создавачи се: Хиперборејците, Јоњаните, Карците, Лелегите, Ликијците, Лувијците, Дарданите, Тројанците, Минијците, Хетитите, Лиџаните, Трачаните, Пеонците, Трибалите, Бригите (Фратите), Мизите, Пелазгите, Македонците и Скитите.

Судејќи според археолошките остатоци од материјалната култура, посебно од ликовната уметност и митологијата, древна Македонија имала значаен и единствен, самостоен митолошки систем. Тој содржи етнолошки, етнографски, лингвистички, историски, книжевни и антрополошки елементи, кои можат топографски да се лоцираат на географско-политичките простори на Македонија.

Овој пат ќе се задржиме на древните или античките Македонци  кои припаѓаат на семејството на индоевропските народи, кои се творци на неолитската култура на Централниот Балкан во периодот меѓу 6 500-5 500 година п.н.е. Како проиндо-европски народ, Македонците ја населиле “Стара Европа” (Гимбутас, 1982), најпрво деловите на Средно Подунавје. Пото, од Панонската Низина нивните племиња се доселувале на југ и го населувале теснецот на Централниот Балкан по должината на сливот на реката Бистрица, Вардар, Струма и Термајскиот Залив, кога биле создадени погодни климатски услови, по последниот леден период.

Првобитните имиња на нивните племенски организации не се познати. Оисториските податоци се гледа дека нивните етномими, односно филоними (братства или племиња), Најчесто се добивани од географската кофигурација на теренот, т.е. од хоронимите, како на пример: Орести-Горани, Елимеи-Криворечани, Десарети-Шумадинци итнт- Потоа од занимањата, како Алмопии-Солари, Ботиаи-Сточари итн. Во етногенетската еволуција, заедничкото име им станало Македонци, а нивната татковина Македонија. Говорниот јазик на Македонците бил дијалект од палеобалканската глосологија, познат како проиндоевропски јазик на народите на “Стара Европа”.

Зборот МАКЕДОН е од протоиндоевропско потекло (ИЕ) и припаѓа на палеоглосологијата на Балканот (ПГБ). Етимолошки постојат две варијанти. Според првата, како сложен збор, што значи богат, блажен, среќен, добростоечки и суфиксот ар, навистина, точно. Другиот дел кеднос, грижлив, чесен, т.е. благороден. Аналоген збор во Хипербореја е во денешна Мачва во рамницатж меѓу реките Сава и Дрина. Зборот мачва етимолошки припаѓа на палеобалканската глосологија, каде мак е богат, имотен, а фа во фа-го е даде, храна. Овојдел е словенизиран така што “к” е претворено во “ч”, додека “о” во “В” па Мачва значи богата земја со храна, па и градот Богатиќ во средиштето на Мачва.

Според втората варијанта, од етимологот Мпампиниоти (1998, 1043), македон потекнува од епитетот македнос, каде зборот маки, макрос, во значење тенок, висок, додека -кедон, кедонес, потекнува од зборот земја, тло, па значењето на овој збор се однесува на првобитниот топоним. Според тоа, Македонија била далеку, високо на север на земјите, а Македонците биле Борејци, а подалеку од нив Хиперборејци. Спротивно на ова Сенц (1910, 503) изнесува дека кеднос значи драг, грижлив, чесен, дар, мираз.

Во слободен превод, зборот македон би значел господар, домаќин, газда, богаташ, чорбаџија, додека Македонија била земја на господари и богаташи, односно мак-богата, земја.

Пишуваат:
Aкадемик А. Шкокљев-Дончо и Славе Катин

 Продолжува . . . 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *