Пали Колефски кандидат на Социјалистичка партија за градоначалник на Пустец

На локаланите збори што во Албанија ќе се одржат на 30 јуни, во трката за градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа,ќе учествува и Пали Колефски.

Колефски,кој е вработен во Царинската управа на Албанија како цариник, i кандидат на владеачката Социјалистика партија, која ја предводи изброната коалиција „Алијанса за европска Албанија“ во која учествуваат 24 политички партии.

Родум е од Пустец, со семејството живее во Корча и е дел од структурите на Социјалистичка партија повеќе години.

Претходно промовирана беше кандидатурата на актуелниот градоначалник Едмонд Темелко, како кандидат на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Едмонд Темелко е роден во Пустец, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран 2007, вторпат 2011 и третпат 2015 годна. Тој е и лидер на МАЕИ.

Во јуни 2017 година по трет пат ја доби довербата на жителите на општина Пустец и тоа со над 80 отсто од гласовите. За него гласаа 2.076,додека за неговиот против кандидат Михалаќ Апостоловски, од Демократската партија, 488 гласачи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *