ИМЕТО И ДЕЛОТО НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ РАШИРЕНО ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ДО ИНДИЈА
На крајот од овие 75 продолженија се обидовме да го претставиме историскиот роман „Александар Македонски“ од германскиот научник Урлих Вилкен (Ulrich Wilcken – ALEXANDER THE GREAT), преведен и прилагоден од англиски на македонски како „Александар Македонски“ од авторот на овие редови, Славе Николовски-Катин, а во издание на Издавачката куќа „Мисла“ од Скопје, во 1988 година. Треба да се нагласи дека преводот на романот „Александат Македонски“ беше прво дело за Античка Македонија во Република Македонија на македонски јазик и беше добро прифатен пред триесетина години.
И во Египет домородниот јазик на крајот победи во споредба со античкиот. Последниот антички папирусен текст – арапско-грчки билингвијален – припаѓа на десеттиот век. Бидејќи најстариот папирус е од времето на Александар Македонски, а тоа е голем период – околу 1300 години – можат да се следат ефектите на Александровото животно дело во континуитетот на античкиот јазик во долината на реката Нил.
Египетскиот јазик преовладуваше во тој период. Наспроти целосниот успех на елинизацијата, стариот египетски јазик засекогаш преживеа меѓу народните маси, а откако тие станаа христијани, т.н. „копти”, се разви литература која, како и сириската, беше предоминантно христијанска, во која беше вклучена и световната литература, како коптичка верзија за визијата на Александар Македонски.
Тоа може да се смета како последен триумф на елинизмот што од третиот век во н.е. Египќаните го транскрибираа овој коптички јазик, кој не е ништо друго туку развиен стар египетски јазик, со античка азбука, со неколку додатни демотични знаци, а подоцна ги отфрлија хиероглифите и демотичкиот ракопис. Коптичкиот јазик, наспроти арапскиот, односно на новиот освојувач, продолжи се’ до осумнаесеттиот, а во неколку случаи и до деветнаесеттиот век. Коптичката библија се уште се чита во коптичката литургија, иако не се разбира. Но, во средна Азија арапскиот јазик беше вистинскиот освојувач.
На крајот, ако се сврти вниманието кон развојот на уметноста на Исток, не ќе може целосно да се покаже како во периодот на вековите мешањето на античката со ориенталската уметност, почеток кој погоре е опишан, помина низ различни комплицирани промени. Внатрешните и надворешите причини, кои главно водеа кон слабеење на елинистичкиот фактор, придонесоа во текот на времето ориенталските елементи во уметничката сфера да станат повеќе значајни. Сепак во многу гранки елинистичката уметност ја покажа својата креативност како силен фактор на културата.
Треба да се забележи дека дури и во уметноста на Сасанидите, наспроти националистичкиот став на нивните владетели, елинистичкото влијание беше очевидно. Покриената зграда со кубиња и сводови беше рашиена во сасанидската уметност – на пример, дворецот на осиовачот на династијата, Ардашир I, во Фирусабад – се темели врз претходниот развој на овие форми во сириската елинистичка уметност, иако сводог не беше непознат за древниот Исток.
Зошто Александар Македонски дојде дури до Индија
Благодарение на последните изненадувачки резултати од истражувањата, еволуцијата на елинистичката уметност во Бактрија, а и нејзиното влијание кон Исток, заслужува посебно внимание. Во оваа земја, за која Александар Македонски мораше многу да се бори и во која кон средината на третиот век Диодот воспостави независно античко кралство, античката грчка култура изгледа постигна еден висок степен. Во поголема мера се знае само за кованите пари на бактријските кралеви, кои со своите пријатни портрети и со своите божествени типови, покажуваат извонредна убавина и зрелост на уметнички израз, од кој може да се заклучи како тие ја развиваа уметноста во земјата.
Одвоени од западниот свет со јакнењето на Партија, експанзионистичките сили на државата и на културата се свртија кон Исток. Во почетокот на вториот век кога овие владетели успеаја да ја окупираат долината Кабул, како и Пенџаб, a подоцна и јужната долина на реката Инд, бактријската уметност имаше големо влијание и врз индискиот живот.
Бактријските уметници ги елинизираа индиските богови, a no аналогија на типовите на античките богови ги претставија пред будистичките потчинети со јазикот на античката уметност. Како што покажа последното истражување, тие веројатно, прво направиле за Индијците медитативен тип на Буда, позајмувајќи го античкиот божествен тип. Иако оваа грчко-индиска уметност е претставена во бројни уметнички дела, прво во уметноста на империјата Гандхара, регион на Пешавар, сепак е веројатно дека овие типови се од поново време.
Извонредните пронајдоци на пруско-турфанските експедиции, што сега може да се видат во Ле Коксовиот оддел на Берлинскиот етнолошки музеј, ги даваат почетните информации дека античко – будистичката уметност пристигна до Источен Туркестан, каде што се среќаваат бројни споменици од четвртиот до деветтиот век. Дури и далечните резултати од елинистичката уметност се’ уште не се исцрпени, бидејќи оваа уметност на Источен Туркестан изврши силно влијание врз уметноста на Кина, па дури и на Јапонија, посебно во сликарството и склуптурата.
Така, перспективното становиште навлезе во Источна Азија со оваа медијација на античката грчка уметност, што ја прифати во петтиот век. Персискиот поет Нисами (дванаесетти век) во својата книга за Александар Македонски вели дека Искандер дошол во Кина преку Индија по патот преку Тибет и дека се појавила конкуренција меѓу античките грчки и кинеските уметници, во која на крајот победиле античките Грци.
Според досегашното сознание од оваа поетична фантазија, може да се види едно длабоко значење: античката уметност немаше да ги донесе своите ефекти до Кина, доколку Александар Македонски не го покореше Исток се’ до Индија и доколку не ја раширеше античката грчка култура толку далеку.
Неодамнешните истражувања јасно укажаа дека уметноста на исламот и исламската култура воопшто биле под силно влијание на елинизмот. Додека Момсен го нарече исламот „извршител на елинизмот”, сегашните исламски научници гледаат во елинизмот една од компонентите на исламската култура, и всушност еден од темелите врз кој беше изграден.
Се знае дека Арапите ја презедоа античката филозофија, медицината и другите науки и и’ го вратија Аристотел на средновековна Бвропа. Подоцна беше докажано дека Александрија Македонски, во која се уште имаше учени луѓе во времето на арапското освојување на Египет, одигра значајна улога во трансмисијата на античките науки кај Арапите. Неодамнешните истражувања покажаа дека покрај сасанидската и византиската уметност, елинистичката уметност беше еден од изворите на исламската уметност кој постепено се развиваше. Новото гледиште може да се формулира авторитативно во фразата: „без Александар Македонски ќе немаше исламска цивилизација”.
Книгата на Нисами за Александар Македонски веќе спомнавме дека е една од последните фази на Александровата визија, која води потекло од Александрија од минатото време, а подоцна, од почетокот на средниот век, се прошири низ целиот свет, како на Исток така и на Запад. Иако грчката верзија на Псевдо-Калистен, што е темел на сите овие ориенталски и западни дела, не е толку популарна книга, како што порано се претпоставуваше, бидејќи има малку научна содржина, слична со историчарите на Александар Македонски, а особено со Клитарх, сепак циркулацијата на овој туѓ литературен продукт покажува колку е голема импресијата на херојската фигура на Александар Македонски врз наредните генерации.
Битката кај Ис
Од латинските преводи на Јулиус Валериус (четврти век) и на Аркпрезвитер Лео (десетти век), Александровата визија на Псевдо-Калистен стана позната за цивилизираните народи на Европа и беше репродуцирана на различни јазици се’ до Исланд. Дури и германската поема за Александар Македонски од свештеникот Лампрехт (околу 1130 година) низ медиумот на француската поема на Алберих од Безансон (единаесетти век) се враќа на истиот извор.
Слично, ориенталските народи презедоа половина прозаична, половина митолошка книга на Псевдо-Калистен, преведена и соединета со многу карактеристики на легендата за Александар Македонски што разрасна на Исток. Додека христијанските ориенталци ја зачуваа карактеристиката за легендата што се појави од египетскиот локален патриотизам, при што Александар Македонски беше син од последниот египетски фараон, Нектанебо II, Фирдауси и Нисами од персиска национална гордост го направија Александар Македонски потомок на Ахеменидската куќа, a co тоа и нивни национален xepoj.
Kaj муслиманските поети Александар е муслиман, кој, како кај Нисами, оди до Мека и се моли во Каба. Во Коранот Александар Македонски продолжи да живее. Дулкарнаин (оној со два рога), спомнат во осумнаесеттиот век, се идентификува како Искандер, веројатно како сеќавање на синот на Амон декориран со два рога на Амон. Дури и во еврејската есхатолошка литература Александар Македонски има свој дел. Така, секоја раса на свој начин се обидела да го присвои Александар Македонски.
Најмногу изненадува она што, според извештаите на современите патници, дури и во наше време, сеќавањата за Александар Македонски се незрели и сосема несигурни во многу места. Така, Франц Фон Шварц, кој на крајот од минатиот век живееше подолго во Туркестан, потврдува дека главните водачи на источните планински предели на Бадакстан сс директни потомци на Александар Македонски, додека другите жители на оваа земја се сметаат за потомци на Александровите генерали и борци.
Во Маргхелан, главниот град на Ферхана, мажите и денес длабоко го почитуваат црвеното свилено знаме, верувајќи дека Александар го употребувал во своите походи и дека неговнот божемен гроб е задржан како свето место. Свен Хедин известува нешто слично на ова. Бидејќи Александар никогаш не дошол до овие источни предели, Фон Шварц веројатно тоа го поврзува со старото население на Бактрија и Согдијана кое беше прогонето од Монголците во овие региони, а ги понесе со себе спомените за Александар во своите нови домови. Така, името на Алсксандар не е избришано дури и со пљачкашките напади на Јенгцин Кан и на Тамерлан.
Александар Македонски како крал на Персија
Но, за Запад низ средниот век најмалку до ренесансата, тој остана во човековите мисли чист како легендарен херој на занес, а неговата вистинска историја беше заборавена. Во текот на времето и постепено вистинскиот Александар Македонски повторно беше оживеан.
Наскоро ќе се наврши еден век откако Драјзен го напиша своето талентирано пионерско дело. Дотогаш секоја генерација се обидуваше да создаде своја претстава за оваа единствена личност и тоа ќе биде така се додека има култура што ја отфрла врската со древниот свет.
На крајот сакаме да подвлечеме дека Големиот Александар Македонски отвори нова ера во историјата на светот и со своето жиеотно дело го определи развитокот во многу наредни векови. Тој е еден од најпочитуваните меѓу големите луѓе на историјата, бидејќи неговото дело беше остварено во многу краток период. Како голем освојувач. ја импресионира човечката имагинација на сите раси. Го подјарми Исток и навлезе во Индија. На тој начин неговата моќ влијаеше врз историјата на човештвото па дури и до наше време.
Многу нешто е кажано за овој македонси освојувач во поново време, но Вилкеновото дело (Ulrich Wilcken – ALEXANDER THE GREAT), многу светски научници го сметаат за најодмерена, сензибилна биографија на Александар Македонски.
Крај
Пишува: СЛАВЕ КАТИН