Американско-канадско-австралиско-македонската епархија е значајна црковна институција, од почетокот до денес, која има за цел да ги продлабочува врските и да ја јакне љубовта, верата и надежта меѓу македонските иселеници во прекуокеанските земји со татковината и со црквата, како и да биде мост за подобро запознавање и зближување на Македонија со земјите каде што живеат тие. Во почетокот Епархијата беше заедничка за САД, Канада и Австралија.
Подоцна, се одлучи за Австралија да се формира посебна Австралиско-македонската епархија, а денес како Австралиско-новозеландско-македонската епархија, од која се оддели како посебна институција Австралиско-сиднејска епархија. Исто така се формира и Европската епархија.
Според одлуката на Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, за прв архијереј на целата Епархија беше избран тогашниот викарен епископ тивериополски, господин Кирил, кој на 10 август 1969 година беше интронизиран како нејзин надлежен епархиски архијереј.
Чинот на интронизацијата беше извршен во најголемата македонска иселеничка колонија и црковно-културен центар на Македонците од сите делови на Македонија – Торонто, во „Св. Климент Охридски“ од страна на тогашниот дебарско-кичевски митрополит г. Методиј, во сослужение на свештените лица: Атанас Поповски, Спиро Танасковски, Илија Канински, Бошко Кипровски, Борис Поповски и ѓаконот Александар Цандовски, а во присуство на голем број Македонци од сите македонски колонии по цела Канада, САД и Австралија, голем број гости и официјални личности на македонските организации и асоцијации и претставници на канадската влада и општество.
„Св. Климент Охридски“ во Торонто
Со тоа, десетици илјади припадници и поклонители на МПЦ – Светиклиментовата црква што живеат во Канада и Америка дефинитивно го добија својот духовен архипастир. Под неговата мудрост и многузначајна, најширока дејност за релативно кусо време на просториите на северноамериканскиот континент, македонските вредни иселеници со самопрегорен труд подигнаа десетици православни македонски храмови.
На тој ден река од народ се слеваше од многу места и градови, нешто слично како неколку дена пред тоа на Илинденскиот пикник. Некои дојдоа дури и два дена порано за да обезбедат место за многу значајниот настан.
Светата архијерејска литургија, во сослужение на сите свештеници од македонските црковни општини во САД и во Канада, од страна на дебарско-кичевскиот архијереј митрополитот г. Методиј и митрополитот г. Кирил, беше отслужена на најсвечен начин, по што во името на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА, митрополитот г. Методиј го воведе во архијерејскиот трон надлежниот епархиски архијереј г. Кирил.
Веднаш по интронизацијата митрополитот г. Кирил одржа мошне инспиративна, многу топла беседа и заблагодарувајќи се на довербата и задачата што му е доверена, меѓу другото, рече:
„Овој ден е ден на радост и на торжество, но, како и секоја друга радост, и оваа нашата денес, задолжува и обврзува. И јас вашиот архипастир, и свештениците во мојата пространа епархија и вие сите, мили духовни браќа и сестри во Господа, треба да бидеме свесни за големите и тешки задачи што се поставуваат пред нас.
Одговорноста и потешкотиите, со кои ќе се среќаваме, се дотолку поголеми што македонските црковни општини кои ја сочинуваат нашата Богомдарована епархија, ги разделуваат големи океански пространства. Сеедно, никогаш нема да ја изгубам верата и надежта во Бога, дека со вашата искрена поддршка и помошта уште на други наши повеќе од 1.000.000 браќа и сестри Македонци и Македонки кои живеат во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија, а и тие се составен дел на оваа наша Епархија.
Во црквата „Св. Климент Охридски“ во Торонто
Со тоа ќе можеме да успееме уште со позасилено темпо во остварување на сеʼ поголеми успеси, како на нашето културно-просветно-национално none, така и на нашето црковно-патриотско none. He ja губам надежта дека со сигурност ќе можеме да одиме во целосна афирмација на нашето справедливо црковно и национално свето дело”,беа зборовите што, меѓу другото, им ги упати на верниците новиот надлежен владика г. Кирил.
По интронизацијата во големата сала на „Св. Климент Охридски“ беше приреден свечен банкет, на кој, покрај четиристотините Македонци, присуствуваа и многу други видни личности, како црковни, така и државни, од градот Торонто и од провинцијата Онтарио. Меѓу нив имаше два члена на Парламентот, претставници на Англиканската и на Католичката црква, делегација од Матицата на иселениците од Македонија, од македонските црковни општини од Канада и САД, градоначалникот на Торонто, првиот претседател на МПЦ „Свети Климент Охридски“ во Торонто Спиро Сандерс и тогашниот претседател проф. Џим Џуглов и, се разбира, уште многу други личности, меѓу кои и авторот на овие редови, Славе Катин, со кои заедно беше уште повозвишено тоа големо секамедонско славје.
Следеа поздравни говори, силни пораки, многу ветувања и верувања дека со новиот надлежен архијереј митрополитот г. Кирил уште похрабро и порешително ќе се оди во нови победи.
Ваквите зборови на охрабрување и поттик, наидоа на силно одобрување од страна на сите присутни во големата сала. Радоста беше голема, веселбата исто така, постигнувањата и успеситe – секако најголеми предизвици. Тоа беше уште еден силен мотив успешно и мудро да се работи и да се придонесува за доброто на својот народ, за доброто на сите заедно.
Во ова пригода ќе одбележиме дел од монографијата „Митрополитот Кирил“ во кој се вели дека Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во сите изминати децении по веќе пати беше домаќин на големи, масовни и на значајни настани коишто оставија силен печат, а некои од нив беа вистински пионерски зафати, кои испишаа ново значајно поглавје во животот на македонскиот етникум во Канада.
Така, на 4 октомври 1969 година, со учество на претставници од сите црковни општини во САД и Канада и гости, се формира Првото епархиско собрание, како врвно тело на прекуокеанската Американско-канадско-австралиско-македонската епархија. Ова значајно собрание го раководеше митрополитот г. Кирил. Поздравувајќи ги присутните тој рече дека одлуката за конституирање на Епархиско собрание е извонредно значајна и отвора нова страница во заедничкиот духовен живот на сите верници надвор од Македонија.
Потоа, со свои видувања за емиграцијата и за нејзиното заедничко организирање, независно што тоа се големи далечини, за поврзувањето со мајката Македонска православна црква зборуваа: Џон Чрвенков (Торонто), прота Илија Канински, Бил Клечов (Торонто), прота Спиро Танасковски, (Гери), прота Борис Поповски, Спиро Карфил (Хамилтон), Јован Галовски (Рочестер ), прота Бошко Кипровски (Лореин), Тели Мариовче (Торонто), Наум Наумовски (Њу Џерси), Мајкл Талин (Торонто), Спиро Сандерс (Торонто), Јован Илиевски (Рочестер), Ѓорѓи Ангелевски (Торонто), Трајан Миленковиќ (Колумбос) и други.
Играорната група „Македонка“
По многу интересните предлози, дадените сугестии и по мошне богатата дискусија, Епархиското собрание избра Управен одбор и Епархиски црковно-судски совет, а заврши со благодарствен молебен, при што делегатите положија заклетва пред митрополитот г. Кирил.
Животот течеше натаму. Во македонската црква постојано доаѓаа луѓе за да ги следат литургиите, доаѓаа за свадби, за венчавки, за крштевки, за парастоси. Се прославуваа нови години, националните македонски празници, а им се оддаваше почит на великаните од македонската историја. Воедно, народот беше заедно на Божиќните и на Велигденските денови, како и на разните други православни празници.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
priligy tablets price SAGE Publications; 2018; 10 175883591879332 10