Писмена реакција за интервјуто на Стево Пендаровски за Хрватски „Јутарњи лист“

Помина една недела од фамозното интервју на претседателскиот кандидат на Ахмети и Заев за „Јутарњи лист“. Чекаме официјален став на немакедонската Влада за скандалозното тврдење на Стево Пендаровски дека Македонија и БиХ ќе бидат колатерални жртви на евентуалната поделба на Косово. Бидејќи вообичаено, функционерите молчат, еве ние од Македонската Алијанса ги отвораме прашањата кои се исклучително важни за иднината на Татковината.

ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА СО СИТЕ СИЛИ ЈА УБЕДУВАА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ДЕКА ПРОМЕНАТА НА УСТАВНОТО ИМЕ Е НЕОПХОДНО ЗА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО СО ШТО НАШИОТ ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ НИКОЈ ПОВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ДОВЕДУВА ВО ПРАШАЊЕ?

АКО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ТВРДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВО РИЗИК АКО СЕ ПОДЕЛИ КОСОВО, ТОГАШ НЕКОЈ ЛАЖЕ? КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ НА КОЕ ДОЛЖАТ ОДГОВОР ЗАЕВ, ДИМИТРОВ, ШЕКЕРИНСКА, АХМЕТИ И ПЕНДАРОВСКИ Е ЧУМУ КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД ГРЦИЈА И БУГАРИЈА, ЧУМУ ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР ДА БИДЕ ВЕШТАЧКИ НАМЕТНАТ ЗА КОНСТИТУТИВЕН УСТАВЕН ЕЛЕМЕНТ, ЧУМУ ДВОЈАЗИЧНОСТ, ЧУМУ ОТКАЖУВАЊЕ ОД НАШИТЕ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА, ЧУМУ ПРЕИМЕНУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ, АВТОПАТИШТА, ИНСТИТУЦИИ, ЧУМУ БЕГАЊЕ ОД АНТИЧКОТО НАСЛЕДСТВО, ЧУМУ ДУИ ДА МУ НАЛОЖУВА НА СДСМ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ, АКО ПОКРАЈ СИТЕ ПРЕДАВСТВА, ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА И ВО НАТО НЕ Е СИГУРЕН?

МАКЕДОНСКА НАЦИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ИМ ПРОСТИ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ. ЛАЖАТ, МЕНУВААТ СТАВОВИ, ПОСВЕТЕНО РАЗДАВААТ СЕ ШТО Е СВЕТО И МАКЕДОНСКО, НАПРАВИЈА ОД ТАТКОВИНАТА ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН ПОЛИГОН!

ЗАТОА ТИТО ПЕТКОВСКИ НЕСРЕЌНО ЈАВНО ПРИЗНА ДЕКА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НЕ УЖИВА ДОВЕРБА ОД МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕКА СЕ ОЧЕКУВА ГЛАСОВИТЕ ДА ГИ ОБЕЗБЕДАТ АЛБАНЦИТЕ.

ОВА Е ОДНАПРЕД ДОГОВОРЕНО СЦЕНАРИО! МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА ЌЕ ГИ ОТФРЛИ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ БИДЕЈЌИ ЌЕ БИДАТ НЕЛЕГИТИМНИ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОРА ДА СЕ ОБЕДИНИ ПОД ЕДИНСТВЕНИОТ СИМБОЛ КОЈ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА – ЗНАМЕТО, МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО СОНЦЕ, СИМБОЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДИНАСТИЈА КОЕ СДСМ ЗАЛУДНО ГО ПРОДАДЕ УШТЕ ВО ПОЧЕТОКОТ, ВО 1995 ГОДИНА! ЈАС ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА МОЖЕМЕ СЕ ДА СИ ВРАТИМЕ СТО НИ ПРИПАЃА НАС МАКЕДОНЦИТЕ.

НАРОДОТ Е СИЛА, А СИЛАТА ЈА ИМАТЕ ВИЕ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *