Ален Ле Роа во Скопје на одбележувањето 15 години од смртта на Борис Трајковски

Ален Ле Роа, амбасадор на Франција и пријател на Македонија, кој ја претставуваше Европската унија за време на еден критичен период за нашата земја, доаѓајќи на местото на Франсоа Леотар во октомври 2001 година, на 25 и 26 февруари ќе го посети Скопје на покана на Фондацијата „Борис Трајковски”, која оваа година ќе ја одбележи 15-годишнината од трагичната смрт на претседателот.
Како што соопштија од Француската амбасада во Скопје, Ле Роа на настаните организирани за оваа пригода, ќе го претставува францускиот премиер Едуар Филип, кој упатил лично писмо до премиерот Зоран Заев за да ја искаже својата почит кон спомените на покојниот претседател, човек со храброст и визија.
Францускиот премиер, исто така, се наведува, ја поздравил решавачката улога што ја имаше премиерот Зоран Заев при последните случувања кои овозможија да се актуализира претстојниот прием на Република Северна Македонија во НАТО и да се зајакне нејзината безбедност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *