Охрид СОС: Се тампонира и бетонира охридското крајбрежје кај Калишта

На Охридското крајбрежје на потегот од Струга кон селото Калишта се тампонираат парцели и се поставуваат бетонски огради, се палат трски и друга вегетација, а се депонира и градежен шут, алармира граѓанската иницијатива Охрид СОС.

Според иницијативата, максимално се користи секој момент, имајќи ја предвид најавата на Владата дека ингеренциите за плажите во Охрид и Струга ќе преминат од општинско на државно ниво.

– Се чини како да е ова ничија земја, како да не важат овде законите на државата, како да нема никаква контрола од надлежните институции. Не се знае кој узурпира, кој гради. На терен беа лица со приватни возила, израмнет терен, на неколку места изградени објекти непосредно до езерото, паркирани возила, оградено со жица. Глетката е ужасна. Оваа ситуација не беше спомната во одговорот на македонските институции до УНЕСКО. Свесно е премолчено ова намерно уништување на природата, појасот трска, кој е овде најконзистентен, велат од Охрид СОС.

Локацијата, забележуваат, е надвор од градот, незабележлива и е поволно за узурпаторите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *