Анѓушев: Економската поддршка ќе биде достапна за сите компании

Мерките за поддршка на економијата ќе бидат достапни за сите компании поддеднакво, без разлика дали се домашни или странски, доколку ги исполнат предвидените критериуми, порача вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев вечерва во Топ тема на телевизија Телма.

– Оваа програма има критериуми. Нема да има разговарање, договарање, или преговарање, туку само критериуми. Секој кој ги задоволува критериумите однапред многу предвидливо ќе може да знае како ќе биде поддржан, рече Анѓушев.

Појасни дека програмата е петгодишна, што, како што рече, значи оти секој може да почне да инвестира и да знае во тие следни години како и колку ќе биде поддржан од државата.

Средствата кои се предвидени, рече, се реални бидејќи толку и до сега се трошеле. Само се скратиле непродуктивните трошоци и се приспособени мерките да бидат достапни за сите под еднакви услови и на таков начин средствата да стасаат до реалната економија.

87 thoughts on “Анѓушев: Економската поддршка ќе биде достапна за сите компании

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *