„Најчитан македонски автор за 2017 година“

Коста Петров денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и официјално ќе биде прогласен за најчитан македонски автор во 2017 година.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени и благодарници на институции и поединци за успешна соработка во 2017 година.

Коста Петров е еден од најпродаваните македонски автори. Неговите три книги „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“ се продадени во над 20.000 примероци за помалку од три години. Во 2013 година, престижниот светски бренд Џони Вокер, го прогласи за личност на годината во Македонија.

Петров е основач и извршен директор на Пи Ворлд, глобална креативна агенција формирана во Македонија. За својот придонес во индустријата на настани и медиуми двапати се најде на листата на 30 највлијателни луѓе во индустријата за настани на Југоисточна Европа на Конгрес Магазин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *