Порибена Отошничка брана со 102 килограми крап

Спортско-риболовното друштво „Мрена“ од Крива Паланка изврши порибување на браната на Отошничка река со 102 килограми крап, активност согласно годишните обврски од договорот за годишна концесија.

– Порибувањето на браната го вршиме редовно,трета година по ред откако „Мрена“ стопанисува со риболовен ревир „Крива Река 1“.

Рибниот фонд е донација од Мали хидро-електрани Скопје, кои како општествено одговорна компанија помагаат за одржување на риболовот во регионот. Од неодамна Булмак-Минстрој, компанијата која стопанисува со рудниците за олово и цинк „Тораница“, најавија дека ќе помогнат за поддршка на риболовот, информира Александар Рангелов претседател на СРК „Мрена“.

Во текот на наредните денови ќе се врши и потобување на Крива Река долж течението низ општините Крива Паланка и Ранковце.

Во моментот спортско-риболовно друштво „Мрена“ брои 230 членови, а раководството планира во првото тримесечје од 2018 година да одржи и годишно собрание.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *