ИЗРОДИТЕ ЈА ЗАПОЧНАА ПРЕДАВНИЧКАТА ОПЕРАЦИЈА КОЈА Е МНОГУ БОЛНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! САМО ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА МОЖАТ ДА БИДАТ СРЕЌНИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА!

Немакедонската Влада лажно претставува дека е посветена на евроатланската агенда на Татковината. Јавно се обидуваат да шират триумфализам за НАТО а далеку од очите на јавноста си вработуваат цели семејства и ги раскрчмуваат Државните добра. Се однесуваат со Буџетот како да е нивно приватно чекмеџе! Го продадоа светото Македонско име и идентитет, воведоа двојазичност, лажно го внесоа Охридскиот Рамковен Договор како конститутивен елемент на Државата, ја девалвираат Претседателската функција, за да можат да прдолжат со злоупотребите на власта и остварување на личните интереси и привилегии. Ним не им е воопшто гајле за ЕУ и НАТО, тоа им е само параван за богатење!

БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, БОЛИ И ТОА МНОГУ, ОСОБЕНО КОГА ТОА ГО ПРАВАТ МАКЕДОНЦИ ПО РОД, А ПРЕДАВНИЦИ ПО ДУША! НО, НИЗ ИСТОРИЈАТА СМЕ ПОМИНАЛЕ И ПОСТРАШНИ ПРЕМРЕЖЈА! НЕ СМЕ СЕ ПРЕДАЛЕ НИКОГАШ, НЕМА И СЕГА! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СИ ГО ВРАТИ СВОЕТО, А ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО СОПСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ИГНОРИРАЊЕТО НА НАРОДНАТА ВОЛЈА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE