НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ИЗМИСЛУВА СВЕЧЕНИ НАСТАНИ ВО ОБИД ДА ГО УБЛАЖИ НАРОДНОТО НЕЗАДОВОЛСТВО! НЕ СЛУЧАЈНО ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ТАКТИЗИРААТ СО ПОСТАВУВАЊЕТО НА НАТПИСИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА! ЗНААТ ДЕКА НИВНОТО ПРЕДАВСТВО НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ПРИФАТЕНО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!

Изродите на Македонскиот народ манипулираат со членството на Татковината во НАТО Алијансата. Полноправното членство на Македонија во најмоќниот политичко воен сојуз не може да биде лек за распродажбата на Македонските национални интереси. Точно е дека сите досегашни Влади имале јасна стратешка агенда за влез во ЕУ и НАТО, но ниту една од нив не се осмели да го предаде светото Македонско име и идентитет, како што тоа го стори оваа немакедонска Влада! И ние од најамериканската партија, Македонска Алијанса, секогаш се залагаме за евроатланските перспективи на Татковината, но не’ со предавство и национално понижување. Илјадници средби со политичари од САД, демократска борба со исклучителното моќната Грчка дијаспора, посветено лобирање за Американската администрација на Претседателот Џорџ Буш да го признае нашето Уставното име, за да се потпише специјален билатерален безбедносен договор со САД, за да ја добиеме правдата од Хашкиот Суд после противправното вето на НАТО Самитот во Букурешт, и на крај една инсталирана власт со губитнички менталитет да пушти низ вода се она за што низ историја животите ги положија бројни Македонските херои.

НЕ СЛУШНАВМЕ НИШТО ДЕНЕС ЗА ЗАКАНИТЕ НА ИДНИОТ ГРЧКИ ПРЕМИЕР МИЦОТАКИС КОЈ СЕ ПОЖЕСТОКО СЕ ЗАКАНУВА СО НОВО ГРЧКО ВЕТО ЗА ИНТЕГРИРАЊЕТО ВО ЕУ. НЕ СЛУШНАВМЕ ФОРМУЛА ЗА ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД ЗА ГРАЃАНИТЕ! САМО ЛАГИ И МАНИПУЛАЦИИ!

МОЖЕТЕ УШТЕ 100 КЛОВНОВИ ДА НАЈДЕТЕ ЗА ДА ЈА ДЕВАЛВИРАТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА ДО КРАЈ! АМА ЕДНО ЗАПОМНЕТЕ, МНОГУ ПОГОЛЕМИ И ПОСИЛНИ ОД ВАС МУ СЕ ИМАА НАМЕРАЧЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ПА СМЕ СЕ СПРАВИЛЕ! КОГА ТОГАШ ЌЕ СЕ СООЧИТЕ СО СОПСТВЕНИТЕ ГРЕВОВИ!

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАЛ, НЕМА НИ СЕГА!

НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

SHARE