Митрополитот Кирил – првиот архиереј од македонското иселеништво

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ НА МПЦ-ОА ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО– МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Иселеништвото во прекуокеанските земји Австралика Канада, САД, Европската Унија и други земји ширум светот како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, писатели, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие придонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија во нивните втори татковини.

Во беседите на митрополитот г. Кирил можеше да се слушни дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) е важен фактор кој игра значајна улога во Република Македонија и меѓу Македонсците од сите делови на етничка Македонија насекаде во светот. Тоа е потврдено со тоа што македонските православни цркви и црковни општини во прекуокеанските земји се национално-духовни јадра кои го одразуваат единството и непосредно придонесуваат за афирмација на прататковината. Преку културно-просветните, верските и националните форми на собирање во македонските православни цркви и црковните асоцијации, всушност Македонците излегоа од тесните рамки на дејствување и се афирмираат како важна етничка група во новите средини каде имаат развиен општествен живот.

Денес Македонците во новите средини со гордост ја истакнуваат својата припадност. Уште повеќе, благодарение на улогата на македонските православни цркви, црковните и други асоцијации и позитивно-ориентираното македонско свештенство, нашите иселени браќа со голем ентузијазам и полет ги одржуваат црковните и народните традиции и со гордост го истакнуваат богатиот фолклор, јазик и традиции, афирмирајќи го македонското минато и сегашноста, а со тоа ја бранат и ја афирмираат Република Македонија.

Затоа, нашата цел е читателите на Веб порталот „Македонска нација“ да ги запознаеме со дел од вистината за првиот надлежен архиереј на Македонската православна црква – ОА во иселеништвото, за Австралија, САД и Канада, митрополитот г. Кирил. Да ги запознаеме читателите – како митрополитот г. Кирил отвори една нова страница во историјата, духовното и националното живеење на Македонците во Република Македонија и во прекуокеанските земји.

Во поголем број продолженија ќе се обидеме да претставиме дел од монографијата „Митрополитот Кирил“ што е отпечатена во 2007 година, на македонски и на англиски јазик, на 350 страници, а во издание на Полошко-кумановската епархија и Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј авторот е публицистот Славе Николовски-Катин.

krstМакедонски крст – еден од симболите на Црквата

Исто така, иселеништвото во прекуокеанските земји Австралика Канада, САД, Европската Унија и други земји ширум светот како дел од македонскиот живот, култура, религија, наука и од други аспекти е тема и е истражувано од поголем број ентузијасти, новинари, културолози, политиколози, публицисти, писатели, црковни дејци и друг вид научници. Сите тие придонесуваат да се збогати вистината за Македонците од етничка Македонија во нивните втори татковини.

Притоа, Славе Катин како публицист кој повеќе децении го следи македонското иселеништво и активностите на МПЦ-ОА во Република Македонија и во дијаспората, како биограф и долгогодишен пријател на митрополитот г. Кирил, се потруди да ги зафати позначајните моменти од делото и животот на еден од доблесните македонски архиереи, за кого постојано ќе навираат спомени за неговото духовно и национално дело. Зашто митрополитот Кирил останува да живее во историјата и вистината на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на македонското иселеништво во Австралија, Канада и САД, на македонскиот народ и на Република Македонија.

Во биогравските податоци за митрополитот господин Кирил е забележано дека тој беше роден како Никола Поповски на 23 јуни 1934 година во познатото село Царев Двор, Преспанско, кое е ни село ни град. Основно образование завршил во родното место, а Средно богословско училиште во Призрен. Во 1960 година прв пат се вработува како службеник во Скопската митрополија, а во 1964 година се замонашил во манастирот „Света Богородица – Пречиста“) кај Кичево. Неговото запознавање со македонското иселеништво се случи во пролетта 1965 година, кога како член на делегацијата на МПЦ, предводена од поглаварот на МПЦ, првиот архиепископот г.г. Доситеј, во својство на архиѓакон, за прв пат патува во Канада и во САД.

1sd Патријархот на Руската православна црква Алексеј сослужува со архиепископот на Македонската православна црква Доситеј, во Скопје, во 1962 година

Истата година се запишал на студии на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск, каде завршил прв степен. Меѓутоа, по двегодишно студирање бил повикан да се врати во Македонија, а во јули 1967 година, непосредно пред возобновувањето на автокефалноста, во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Скопје, беше хиротонисан за архиереј тивериополски. Потоа владиката г. Кирил заедно со четворицата тогашни членови на Светиот синод на МПЦ, архиепископот г.г. Доситеј и владиците г. Kлимент, г. Наум и г. Методиј, ја потпишаа Одлуката и ја возобновија Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, денес МПЦ-ОА.

Според зборовите на митрополитот г. Кирилм тој со задоволство го примил името на македонскиот рамноапостол свети Кирил Солунски. Станал член на Светиот архиерејски синод на МПЦ, на чија седница, одржана пет дена подоцна, на 17 јули 1967 година, беше донесена историската одлука за канонско возобновување на целосната афтокефалност на Охридската архиепископија во лицето на автокефалната Македонска православна црква и беше избран за прв надлежен македонски архиереј за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ.

Во 1969 година замина во Торонто, Канада, со цел да ја организира прекуокеанската Епархија. По издвојувањето од Американско-канадско-македонска епархија во 1974 година, активно раководи со Австралиската епархија до 1982 година, а со Американско- канадската епархија до 1987 година. Во периодот додека раководи со овие епархии, од 1971 до 1978 година, администрира и со Полошко-кумановската епархија, а во 1987 година е назначен за Полошко-кумановски митрополит.

1cСвети Кирил и Методиј

1dВатикан

Во меѓувреме ги заврши теолошките студии на Богословскиот факултет во Скопје. Притоа стана коавтор на монографијата „Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим“, Скопје, 1979 година. Значајно е да се одбележи дека по упокојувањето на архиепископот г.г. Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар архиепископот Ангелариј, митрополитот г. Кирил времено ја извршуваше должноста на архиепископскиот трон.

По кратко боледување, митрополитот на Полошко-кумановски епархија, господин Кирил почина на 10 јуни 2013 година. Неговите посмртни останки се погребани во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровце, Кумановско. Меѓутоа личностите како митрополитот Kирил не умираат, тие остануваат за навек во мислите и молитвите. Неговото име и дело ќе останат вечни за Македонската православна црква – ОА, за Американско-канадско-австралиско-македонската епархија на МПЦ-ОА, за Полошко-кумановската епархија, за Македонците од етничка Македонија насекаде во светот и за Република Македонија.

Продолжува 
Slave Nikolovski - Katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *