АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ КАКО КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА, ХЕГЕМОН НА КОРИНТСКАТА ЛИГА, ГЕНЕРАЛ, ОСВОЈУВАЧ…

 

АЛЕКСАНДАР КАКО КРАЛ НА МАКЕДОНИЈА, ХЕГЕМОН НА КОРИНТСКАТА ЛИГА, ГЕНЕРАЛ, ОСВОЈУВАЧ…

Co изградбата на многубројни градови во Источен Иран, пространство освоено со многу тешкотии, било обезбедено од воено становиште, а служело во прв ред и за комуникација во функција на индискиот поход, иако главната цел од изградбата на градови служеше за исполнување на идните планови.

Меѓу најголемите квалитети на Александар како генерал била упорноста со која, кога нешто го сметал за важно, секогаш го доведувал докрај. Тој останал седум месеци пред Тир додека не го освоил. Поради тоа, не треба да се споредува Пирус со него како што направија древните и современите научници, кој по два месеца ја напуштил опсадата на Лилибаум, иако тоа значело пропаст на неговата цела сикилјска експедиција.

Александар Македонски самиот се покажал и како голем водач на луѓето, со учество во сите опасности и напорни акции на своите единици. На тој начин ги водел со себе. Во битката им служелкако пример со највисока лична храброст. Во нападите немал маки што тој не ги споделил. Ако во опсадите требало да се изгради насип или нешто слично, тој самиот лично учествувал, фалејќи ги оние што успевале, а ги казнувалоние што не успевале.

Кога ќе се постигнел важен успех, тој сакал да ги наградува своите единици, со тоа што одржувал игри и спортски фестивали. Неговите големи парични награди на војската биле компензација за забраната за пљачкање на освоените територии, за кои поради политички причини сметал дека не е потребно да се ограбуваат.
За тоа била потребна голема дисциплина. Co хуманоста со која тој се грижел за ранетите по битките, им ги освојвал срцата на војниците. Co своите македонски офицери докрај го зачувал другарскиот однос.

2bАлександар во Персија

Иако не привлекувал внимание со ставата, бидејќи тешко достигнал до средна висина, бил најдоминантен со своите извонредно светли очи. Извонредната природа на неговата личност најчесто е претставена во фактот што луѓето блиски до него, кои по неговата смрт во многу случаи се покажале како силни владетели, слепо се покорувале за време на неговиот живот. Неарх на почетокот на едно патување по океанот рекол дека војската верува во извонредната среќа на Александар и сметал дека тој нема нешто што не смее или што не може да направи. Тоа било мистично верување на војската во својот водач. Ж
Такво верување подоцна можеле да побудат и Цезар и Нанолеон.

Уште потешко е да се разбере или пак да се цени Александар како државник отколку како генерал, бидејќи неговите погледи како државник биле во фаза на формирање пред неговата смрт. Ниедно од неговите политички дела не добива дефинитивна форма, а постојано произлегуваат нови планови од неговиот немирен дух. Невозможно е да се разбере колку поинаков ќе изгледал светот, ако живееј подолго само десет или дваесет години.

Колку тешко може да се цени младешкото дело што тој го направил до 323 година. He смее да се заборави дека тоа бил само почеток. Во никој случај не бил изречен последниот збор. Гледано однадвор, неговата еволуција покажува непрекинат континуитет од крал на Македонија и хегемон на Коринтската лига до Голем крал на Персиската империја и на крајот до светски владетел, а тоа било основно за што бил почитуван во античко време, па и денес.

Но, од гледна точка на законот, некој може да го истражува неговиот однос кон овие различни целини на власт, а некој може да најде продолжување и поддржување на овие различни позиции наместо успех. Овде, главно, историчарите не можат да го решат законскиот аспект. Вистинскиот историски проблем за него е да се цени како практиката на политичкиот живот се потпира врз овие форми.

Прво треба да се оценат правните форми. Co акламација на војската Александар стана законски крал на Македонија и веднаш потоа со резолуција на Федералниот совет, хегемон на Коринтската лига, која Филип ја создал како слободна и суверена лига на државите со обединување преку неговата личност со кралството на Античка Македонија. Оваа дупла позиција одговарала на двојството на неговите воени цели за преминување на Хелеспонт.

Како хегемон тој имал желба да го води панелинистичкиот поход за одмазда, а како крал на Античка Македонија сакал да освои територии. Меѓутоа, не го присоединил кон Античка Македонија она што го освоил, како што Филип Македонски направил со своите освојувања. Co непосредно организирање на намесништва во најраните освоени простори на почвата на Мала Азија, тој го изразил фактот дека овие територии требало да останат надвор од Античка Македонија.

2m

222m

Потоа, како хегемон ги инкорпорирал во Коринтската лига слободните анички грчки градови во Мала Азија, кои не беа приклучени во намесништвата. Како крал Александар Македонски постојано освојувал нови територии се’ до конечната победа над Дарие. Од своите Македонци со акламација бил именуван како крал на Азија во Арбела. Меѓутоа, покрај ова санкција од Собранието на македонската војска, оваа Азискоатичка империја, како што беше погоре речено, не била приклучена кон кралството на Античка Македонија, туку едноставно била  обединета преку него, со лично соединување.

Акламацијата на војската повеќе го изразува фактот дека тој бил крал на Античка Македонија кому сега му припаѓа власта над Азија. Темелот на Александровата моќ била и останала неговата монархија над Античка Македонија. Колку безгранично да растела оваа Азискоатичка империја, во политичкиот закон останала, како и Коринтската лига, анекс кон Античка Македонија преку личното соединување.

Резултатот од ова била сосем различната законска положба што Александар ја поставич во овие три дела на својата империја. Во Античка Македонија тој останал, како Филип и неговите следбеници, крал на народот и на војската, за кого нацијата и војската ги зачувале старите права во собранието на војската. За античките Грци од Коринтската лига тој бил хегемон со права и обврски воспоставени со договорот на Лигата. Како крал на Азија тој бил апсолутен владетел на азискоатичкиот народ во смисла на Ахеменидите, чиј правен наследник се сметал себеси по смртта на Дарие.

Меѓутоа, овој азискоатички апсолутизам не бил еднообразен, бидејќи под Ахеменидите се развил во различни форми и во различни простори на империјата и колку што е можно Александар дозволил овие форми да продолжат непроменети. Во Египет, на пример, доколку се сметало дека тој припаѓа кон монархијата на Азија врз основа на тоа што беше територија на Ахеменидската империја, Александар бил фараон, а исто така и божество. Во Феникија и во киприотските градови ги задржал нивните кралеви како свои вазали, исто онака како што ги задржале Порус и Абисар во Индија.

Од друга страна, неговиот апсолутизам не бил добар во Азија со оглед на античките Македонци и античките Грци во војската што го послужувале него или античките грчки градови што тој ги формирал. Од правно гледиште овој дел на целата империја останал непроменет се’ до неговата смрт, бидејќи не формирал нова правна формула за контролирање на целата империја. Тој останал крал на Античка Македонија, кон која со лично обединување биле приклучени Коринтската лига и монархијата на Азија. Обединувањето на целата светска империја зависела од неговата личност.

Cera би можело да се постави прашањето дали во вистинската практика на политичкиот живот Александар Македонски останал верен на овие правни форми што се однесувале на неговиот различен статус во трите дела на својата империја. Особено се поставува прашањето дали неговиот голем авторитет како крал на Азија влијаел врз неговата положба во врска со Античка Македонија и Коринтската лига.

Прво, треба да се утврди дека Александар бил целосно свесен за законската разлика меѓу неговата позиција во Азија и во Европа, т.е. во Античка Македонија и во Коринтската лига. Тоа се гледа од податокот дека по смртта на Дарие тој ги заверувал писмата испраќани во Европа со својот стар македонски печат, а од друга страна, писмата наменети за Азија со печатот на Дарие.

Направени се напори да се интерпретира тоа како израз на промените од македонскиот суверенитет до позицијата на наследник на Ахеменидите. Суштината на исказот се состои во тоа што е докажан паралелизам на двете правни позиции. Александар Македонски бил свесен за принципот дека законската позиција во Азија не се потврдува за Европа. Во Европа останал до крајот на својот живот како крал на Античка Македонија, а како таков и хегемон на Коринтската лига. Дури и кога бил во Азија, се однесувал како крал на Античка Македонија, комуницирајќи како таков и со Античка Македонија и со Лигата. Печатот на Дарие се употребувал само за кралството на Азија.

2Една од битките на Александар Македонски

Од друга страна, пак, во надворешниот живот на Александар Македонски, неговата азискоатичка монархија му била  повеќе пречка колку што одминувало времето. He смее, меѓутоа, да се превиди фактот дека во преданието особено она непријателското за него, „ориентали-зацијата” на кралот е третирана со посебна љубомора и со голема предрасуда.

Прво, треба да се испита неговото однесување како крал на Азија. Употребата на печатот на Дарие потврдува дека по смртта на Дарие, Александар Македонски се чувствувало дека е негов легитимен наследник. Така, азискоатичкиот народ тој не го сметал како свој непријател, туку како потчинет. Тргнувајќи од тоа, тој стекнал целосно државничко убедување дека мора да примени сила кон овие нации за да ги реши големите проблеми што му ги наметна Азија.

Овој курс упатува многу повеќе кон она што требало  да се надева дека треба да има смирување и незабележнтелно влијанне врз потчинетите народи. Во Карија и во Египет веќе воспостави цивилна администрација врз тамошното население, бидејќи сега беше прокламиран за крал на Азија во Арбела, тој започнал да назаначува персиски дворјани за намесници. Меѓутоа, тие ја добиваа само цивилната власт.

Секој од нив имал македонски офицер до себе како командант на единиците. Главната контрола била во рацете на античките Македонци. Уште поургентна била потребата за пополнување на неговата војска со елитни единици од Азија, бидејќи европските единици биле  недоволни за големите планови што му се вртеле во главата.

Продолжува


Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН

SHARE