Во метрополата Истанбул – раскрсницата на Европа и Азија

Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија 

Посветеноста на античка Македонија на еден од најистакнатите Македонци на северноамериканскиот континент бизнисменот Стив Пљакас, роден во егејска Македонија, а живее во Канада. Преку неговото монографско дело на англиски и македонски јазик, насловено како „Стив Пљакас“ од авторот на овие редови, Славе Катин, а во издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ од Скопје, во 2017 година, читателите ќе бидат запознати со бројни аргументи и факти за делото на Стив Пљакас како бранител на вистината за Македонија.

За многу луѓе на светот голем е предизвикот да се посети татковината на Кемал Ататурк, земјата на големите контрасти што се во тек во последно време, Републиката која се разликува од онаа Турција во минатото; просторот кој беше освоен од Александар Македонски, а потоа империја во чиј состав беше Македонија цели пет векови.

Кемал Ататурк, големиот реформатор и најголем син на турската држава е роден во Македонија, во Солун, а се формирал, се школувал и постанал силен војник во Битола. Меѓутоа, неговото потекло е од македонски род од с. Коџаџик, Дебарско. Според турските извори неговиот татко бил од Македонија, Македонец-муслиман, а мајка му од Анадолија, Турчинка.

Тој е човекот кој животот го посветил на Турција и на нејзината посреќна иднина, човекот кој, меѓу другото, ја одбулил турската жена, ја одвоил верата од државата и го вовел латинското писмо во турскиот јазик. Тој е човекот кој е широко прифатен од високите и од народните маси. Затоа нашето патување за Истанбул кое го спонзорираше гостинот од Канада и вљубеник во корените на Македонија, Стив Пљакас беше предизвик и прифатено со големо задоволство.

vavilonДревниот град Вавилон

Обично патувањата се одвиваат по копно или вода, а нашето беше во воздух, со авион. Така, кога тргнавме од Македонија беше рано утро во летниот период кога стасавме на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Таму бројни патници брзаа кон шалтерите за предавање на багажот и се упатуваа кон влезот за сите дестинации. И ние ги извршивме потребните контроли и се упативме кон излезот за авионот кој требаше да лета на релацијата Скопје–Истанбул.

Таму се почувствува атмосфера за патување, а на меѓународниот простор на аеродромот човек се чувствува како да е на некој голем светски аеродром. Тоа зборува дека турската компанија „ТАФ“ направи скопскиот аеродром, а со тоа и Скопје и Македонија да бидат познати и признати во светот.

Полетувањето од Скопје беше удобно и за околу еден час стасавме во Истанбул. Таму, во аеродромската зграда, која наликува на некој затворен град, останавме кусо време, а потоа со такси отидовме во хотел каде бевме пречекани и удобно сместени. Таму, во Истанбул започна турнејата на авторот на овие редови Славе Катин што со гостинот Стив Пљакас ја планиравме подолг период.

Истанбул е еден од најстарите градови на светот. Светата слава го следи од моментот кога римскиот император Константин решил да ја пресели престолнината од Рим во Визант, како тогаш се нарекувал Истанбул. Денес тој е град со многубројни сведоштва за вечното културно-историско минато, со споменици од византискиот и од отоманскиот период, а во исто време е најголем економски и културен центар на културата на современа Република Турција.

jusЈустинија Први

kemКемал Ататурк

Всушност, Истанбул е раскрсница на азиската и европската култура, цивилизација и религија и претставува порта од север кон југ и од исток кон запад. Турските истражувачи велат дека ниту неговите постојани жители не се целосно запознати со сите негови убавини. Не се знае ниту точниот број на неговото население.

Според официјалните документи, во Истанбул живеат околу 10 милиони жители. Добрите познавачи на турските прилоики, пак, тврдат дека тој број изнесува 12 милиони и повеќе. Освен тоа, градот секојдневно го посетуваат илјадници намерници и туристи.

Друг интересен податок е дека во овој град се собираат 40 отсто од средствата, што како данок се собираат во целата држава. Тоа доволно зборува за моќта на Истанбул, градот на Босфорот во современа Турција.

Стасавме во Истанбул во метрополата која се протега на три морски брега и на седум ридови. Тоа е Бизантинион, римски Константинопол и турски Истанбул. Македонците отсекогаш го викале Цариград или Станбол. Менувањето на овие имиња е последица на претходните драматични настани околу овој град, за кого се грабале повеќе народи. Така, царот Константин во 330 година од н.е. го прогласил за престолнина на Источното Римско Царство, па според владетелот го добил името Константинопол, меѓутоа, на 29 мај 1453 година го освоил турскиот султан Мехмед II Фатих (Освојувач) по што градот бил наречен Истанбул.

istanbulИстанбул денес

Градот се развил по должината на бреговите на Босфорот, Златниот Рог, Мраморното Море и на околните ритчиња, па тешко е да се каже каде тој завршува, а каде почнуваат приградските населби. Сепак, познати се и убавите туристички квартови: Станбул, меѓу Златниот Рог и Мраморното Море; Бејоглу, меѓу Златниот Рог и западниот брег на Босфорот; Искадар или Скутари на истиочниот брег на Босфорот, од каде се гледа европскиот дел на Истанбул.

Делот Станбул не само што е најстар дел од градот, туку и најбогат со културно-историски споменици. Оттаму, тој е најважен туристички кварт на Истанбул и претставува голем предизвик за бројните посетители на оваа метропола. Некои од неговите историски уметнички знаменитости ги оштетил и уништил забот на времето; некои настрадале од природни непогоди, пред сè од земјотреси или исчезнале во честите пожари.

Во Истанбул има повеќе од 50 царски палати, повеќе од 1.500 џамии, околу 100 цркви, бројни кулутрно-историски споменици, 10 универзитети, безброј дуќани… Најпознатата меѓу културно-историские споменици е, секако, палатата на Топкапи со преубавите царски одаи и хареми.

Во музејот „Топкапи“ се наоѓаат и специјалните чинии што ја менуваат бојата при допир со отров. Тие биле наменети само за царевите. Здив одзема и дијамантот познат како „кашички елмаз“, како и камата украсена со дијаманти и други непроценливи вредни предмети.

Продолжува

Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *