Иринеј Бачки: Ако Украинската црква добие автокефалност, истото може да се случи и во Македонија

„На православието му се заканува раскол, поголем од оној меѓу Истокот и Западот“, предупреди српскиот владика Иринеј Бачки по повод најавите на Вселенската патријаршија дека ќе и даде автокефалност на Укринската црква, што според него, може да се случи и во Македонија.

Тој за весникот „Политика“ коментирајќи ги предупредувањата од Руската православна црква (РПЦ) дека целиот православен свет е во опасност по одлуката на Цариградската патријашија да постави двајца „егзарси“ во Киев вели дека прв пат во историјата на православната црква и се заканува вистинска опасност од нов голем раскол, овојпат не помеѓу христијанскиот Исток и Западот, туку во самиот Исток.

– Ако тоа се случи, а јас се надевам дека и покрај сè нема да случи, тоа ќе биде поголем и потежок раскол од сите претходни во историјата на црквата, квантитативно поголем и од расколот во 1054, со оглед на сегашниот број на православни цркви и нивната раширеност во светот, рече владиката Иринеј.

Според него, егзарсите во Киев не се поставени, туку пратени на определено време со конкретна мисија.

– Мисијата е за спроведување на планот за доделување автокефалност на украинските расколници од повеќе бои и видови, а против волјата на законската, канонска црква во Украина, призната од сите цркви, почнувајќи од Цариградската патријаршија, објасни Иринеј, истакнувајќи дека зборот „егзарх“ во овој случај значи само претставник или легат.

Тој истакнува дека СПЦ не го прифаќа постоењето на две различни православија, едното „фанариотско”, а другото „Московско”, туку дека верува во една, света, соборна и апостолска Христова црква.

– Накусо: ние не сме за Москва, туку за целосно почитување на вековниот канонски поредок и не сме ниту против Цариград, туку против каква било иницијатива која, дури и независно од добрите намери, сигурно дека ќе предизвика уште потешки потреси и поделби од оние кои веќе ги имаме, рече Иринеј.

Запрашан дали постои можност, ако црквата во Украина на овој начин добие автокефалност, сличното да се случи и во Македонија, епископот бачки предупреди дека ако нешто такво „помине во Украина, тоа ќе помине не само во Македонија, туку и во Црна Гора, Абхазија и каде и да посакаат нарачателите и извршителите, па можеби дури и во Грција”.

Во контекст на прашањето за автокефалност на Македонската православна црква, бачкиот владика Иринеј ја наведува „српската верзија“ на автокефалност на СПЦ од Охрдската архиепископија.

– Големиот православен раскол најверојатно е спомнат од црковните великодостојници и во 1219 година, кога Св. Сава дипломатски ја „грабна“ идната српска црква од Охридската архиепископија. Таа година Св. Сава (Растко Немањиќ) е ракоположен за  „архиепископ на српските и крајбрежните земји“ од страна на патријархот Манојло I Цариградски во Никеја” (со поддршка на византискиот цар Теодор, кој се бореше за доминација со Епир), а српската црква ја доби автокефалноста и достоинството на архиепископија. На основањето на таа Архиепископијата во Пеќ, како неканоска и незаконска, огорчено и се спротивстави Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан под чија јурисдикција беа и Србите. Пред дипломатскиот удар на Свети Сава, на Охридската архиепископија не и помогна дури ни фактот што на денешната територија на Македонија христијанството е познато уште од времето на апостол Павле и што  архиепископијата е автокефална уште од крајот на 9-от век, вели српскиот владика Иринеј Бачки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *