ВИКТОР БИВЕЛ – ГОЛЕМ ПОБОРНИК ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА И МАКЕДОНИЈА

Виктор Бивел е Австралијанец од македонско потекло кој својот живот го посветува на македонското иселеништво на Македонија и македонскиот народ со посебна нагласка на настаните во Егејска Македонија. Неговото име и дело се добро познати меѓу Македонците во Австралија и во целиот свет. Тој е познат новинар значаен издавач, уредник и публицист. Неговиот портал „Политекон“ е огледало за вистината на културата, историјата и борбата за основните човекови права на Македонците во Грција.

.Кај Македонците од Егејска Македонија постои вековно мислење дека тие се Македонци затоа што нивните татковци и мајки, нивните дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени како Македонци, бидејќи земјата од која потекнуваат, во земјата во која се родени, во која се пораснати и во која почиваат се вика Македонија. На нив не им требаат нивните непријатели да ги дефинираат и да им кажуваат кои се тие, а кои не се. Тие се Македонци бидејќи се Македонци од поделена Македонија, заградена со граници.

Општо познато е дека македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист. Тоа го направи со доселувањето на православното турско населени (просвиги) во цела Егејска Македонија.  Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн

Едно од тие македонски семејства од егејскиот дел на Македонија се родителите на Виктор Бивел, Ристо и Фанија Биволчев, кој потекнуваат од селото Нерет. Село кое отсекогаш било населено со Македонци, од кои голем број се раселиле ширум светот. Особено бројот на оние што ја напуштиле дедовската земја се зголемува по поразот на Демократската армија на Грција и по Граѓанската војна, во која учествуваше и македонското население од тие македонски простори, со цел да ги оствари своите национални и социјални права, за кои сонуваа и се бореа многу години.

Нерет е типично планинско македонско село, на надморска височина од околу илјада метри и најмногу е познато по планинските јагоди кои нашироко се прочуени по својот квалитет и арома. Нив ги има во изобилство, а кај народот тие се познати под името планушки. Семејството на Виктор Бивел го напуштило своето родно село Нерет, но болката и љубовта кон родното место, кон дедовската земја и кон сето она што е македонско, го понесе со себе и во Австралија. Тоа му го пренеле на Виктор за тој  да го пренесува и шири на генерациите што доаѓаат.

Инаку од Нерет беше и познатиот иселеник од старата генерација, Петар Божанин кој беше прв претседател на разгранокот на Македонско – австралискиот народен сојуз за Мелбурн и еден од првите активисти за изградбата на првата Македонска православна црковна општина надвор од Македонија – „Свети Ѓорѓи” во Фитзрој, со кого авторот на овој текст, Славе Катин се сретна во Австралија и пишуваше за него. Чичко Петре Божанин, како често го нарекуваа помладите од селото Нерет, беше типичен леринчанец, Македонец и по душа и по срце; благороден, со блага насмевка и интелигентни црти на лицето, рус, од среден раст, честит и со добротворна измачена македонска душа, која видела и добро и зло

Семејството на Виктор Бивел, исто така, е од Нерет, од егејскиот дел на Македонија. Неговите  дедовци Никола Биволчев и Ване Мечкаров пристигнале во Австралија мешу првите доселеници од Македонија, во 1926 и 1937 година, а неговиот родители Ристо и Фанија Биволчев се преселиле во 1955 година. Виктор е првиот во неговото семејство кој е роден во Австралија.

Виктор Бивел е родр на 20 Мај во 1957 година во Манџимап, Западна Австралија, а пораснал во Перт. Тој се школувал на Универзитет од Западна Австралија и Универзитетот Кертин, на групата за уметност и англиски јазик. Виктор e оженет со Жаклина, која дипломирала на правни науки и е  адвокат. Жаклина и Виктор имаат три наследници.

Во биографските податоци на Виктор Бивел е забележано дека тој е уредник, издавач, новинар, публицист и чувар на македонското име, на Македонија, а е вљубеник во Егејска Македонија. Тој е уредник и новинар на списание од 1987 година и уредник на книги и издавач од 1992 година.

Во 1984 година се преселил во Сиднеј, а во 1987 година бил вработен како уредник на списание во Издавачката куќа „Томсон“. Во оваа улога тој беше уредник на ФЕН, производствено списание за инженери што го уредуваше пет години; и БПН, списание за градежни производи што го уредуваше истовремено со ФЕН за една година.

Во 1992 година Виктор ги напушти изданијата на „Томсон“ за да основа сопствен издавачки бизнис – публикациите „Политекон“. Политекон обработува три значајни теми: политика, литература и економија. Во него Виктор бјавува македонски теми на англиски јазик. Публикацијата „Политекон“започна со работа во 1992 година и досега има објавено  14 книги. Повеќето се фактички книги за животот во Егејска Македонија, но ги објави и првите преводи на англиски јазик на романите „Црно семе“, „Големата вода“ и „Пиреј“.

Виктор Бивел има направено и неколку проекти за објавување преку Интернет. Овие изданија вклучуваат онлајн препечатување на првиот македонскиот весник „Македонска  искра“ што се печатеше во Австралија од 1946 до 1957 година. Постојат нешто повеќе од 100 изданија. Во 2004 година ги направи делата  „Македонските заедници низ целиот свет“, што е прва компилација на бројни имиња што можеше да ги најде за градовите и селата низ целиот свет каде има македонски населби, а ги има околу 3.000.

Друг проект му беше под наслов „Договори и правни случаи“. Ова се копии во целост на многуте меѓународни договори што ја поделија Македонија, како што е Договорот од Букурешт во 1913 година, плус некои од националните и меѓународните правни случаи што ја зафатија Македонија и Македонците. Има дел од вистината и животот во Егејска Македонија каде објавува оригинални статии за луѓето, политиката, културата, историјата и дијаспората на Македонците во тој дел на Македонија

Неговиот последен проект е „Бесплатни електронски книги“, каде што става достапни бесплатни копии на книги за македонските човекови права, политика, историја, дијаспора, јазик, економија и други области. Досега има над  320 бесплатни книги на веб-страницата, меѓу кои и 36 публикации на авторот на овој текст Славе Катин. Сите 320 бесплатни електронски книги можат да се видат и прочитаат на веб-страницата на Виктор Бивел, www.pollitecon.com

Интересно е тоа што Виктор Бивел е Македонецот кој сака да дознае повеќе за неговото потекло. Затоа направил генетски тест со ДНК на Семејното дрво во Тексас. Резултатите покажале дека 90% се европски и 11% блискоисточни од Мала Азија (дополнителниот 1 процент едноставно се заокружува.) Неговиот европски дел е 66%  и е од југоисточна Европа, 15% се источноевропски и 9% се западни и средноевропски.

Според опширните резултати Виктор Бивел имал далечни генетски роднини во сите соседни балкански земји, како и во Европа и другите делови на светот. Сето ова има огромни импликации врз неговиот идентитет и начинот на кој тој го гледа национализмот на Балканот, особено агресивните форми на грчкиот, албанскиот и бугарскиот национализам.

Според него долго време Македонија е во опасност да се исели и да  непостои. Тој мисли дека треба да се сврти тој проток. Затоа, ја изнесува идејата дека на Македонија и требаат Македонци. Тоа би помогнало да се обезбеди опстанок на македонската татковина и да се помогне за растот на економијата. Исто така, со тоа би се обезбедила политичка стабилност во Македонија.

Виктор потенцира дека статистичките податоци покажуваат дека каде мнозинското население паѓа на ниско ниво, во опасна зона под 70 или 75 проценти, тоа може да доведе до политичка нестабилност и граѓанска војна. Примери, меѓу другите, според него се Кипар, Северна Ирска, Шри Ланка, Фиџи и Македонија.

Затоа, Виктор Бивел сака да го охрабри огромниот број Македонци ширум светот да размислат како можат да и’ помогнат на Македонија. Тоа може да биде, меѓу другото, со посета на Македонија како туристи и враќање за стално, со инвестирање во Македонија, поддршка на економијата со купување на македонски имоти или со воспоставување или зајакнување на семејните врски и пријателства.

Од активностите на Виктор Бивел во Австралија треба да се потенцира дека тој пишува различни текстови и коментари на теми за Македонија. Под наслов Есеи на веб-страницата Политекон, тој во моментов има 29 статии, 16 говори и 21 радио и видео интервјуа. На фејсбукот, Виктор е администратор на две групи: „На Македонија и требаат Македонци“ и на „Семејството и пријателите на Нерет“. Тој исто така уредил три книги со семејна историја за членови на неговото пошироко семејство.

Виктор Бивел е добар и честит Австралијанец, а во исто време тој е посветен на Македонија, на македонската вистина и на Македонците ширум светот. Зато, секогаш тврди дека има многу талентирани и вредни македонски активисти во Австралија. Тоа е мотив повеќе Македонија да не се сомнева дека македонското иселеништво на петтиот континент и насекаде во светот не само што е многубројна, туку е и многу гордо на своето македонско потекло и има огромна љубов и почит кон неговата татковина Македонија.

Од сето горе наведено, со право можеме да заклучиме дека Австралијанецот со македонско потекло од Сиднеј, Виктор Бивел е еден од најактивните во македонската дијаспора повеќе од 25 години. Тој е еден од доблесните Македонци кој својот живот го посветува на публицистиката, на пишаниот збор, на науката, на древните корени на македонскиот народ, особено од Егејска Македонија и на македонското иселеништво од етничка  Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Судбината на дедото на Светле Стамевски,  печалбарот Крсте кој заминал за Америка

Во петтото продолжение  ќе ја претставимепечалбарската судбина на дедото на Светле Стамевски,  печалбарот Крсте кој заминал за Америка. Инаку, при крајот на 19-от и почетокот на 20-от век печалбарството станало масовна појава во Тетовско и еден од најсилните докази за неподносливата состојба, особено во македонските села 

За почетоците на печалбарството во Македонија, а со тоа и од Полог било карактеристично што селаните ја напуштале Македонија и оделе во Солун, Цариград, Смирна, Скадар и надвор од границите на Турција во соседните земји: Србија, Грција, Бугарија и Романија, а понекогаш и во Австро-Унгарија, Франција и Египет.

Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна; од Струшко и Битолско најчесто се упатувале за Скадар; од прилепските села и од градот оделе во Србија и Бугарија; од Охрид и околината, како и од Полог оделе во Србија, Бугарија и Романија, а голем број печалбари имало од Велешко, Кичевско, Демирхисарско и други места. По некое непишано правило, печалбарите се враќале дома по неколку години и со спечалените пари најчесто купувале имот.

Инаку, развојниот пат на македонското иселеништво во основа се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и уште повеќе во зависност од тоа како се движеле настаните околу Македонија. Како резултат на тоа преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред се`, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци од Тетовско и пошироко од Полог да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Така, при крајот на 19-от век и на почетокот на 20-от век  Македонците од етничка Македонија, а со тоа и од Полог почнале да одат на печалба и во прекуокеанските земји, САД, Канада, Австралија и Јужна Америка (особено Аргентина). Така, се знае дека првите печалбари од Македонија пристигнале на северно-американскиот континент во 1885 година. Во Австралија првите Македонци – печалбари пристигнале по Првата Светска Војна, а првите групи дошле во 1924 година, слично како и во Јужна Америка.

1svetle1Тврдомир и Владо Стамевски со сопругите

Печалбарството, односно преселувањето од Македонија во САД и  Канада е карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Тетовско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, и други делови на Македонија. Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата Светска Војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралска Југославија, Грција и Албанија.

Она што се случувало во минатото во периодот од неколку векови, по Првата Светска Војна, за релативно кусо време во одделни делови на етничка Македонија настанале крушни миграциони движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население. Бранот на иселување од Македонија, главно, од традиционално иселеничките краишта како што беше Полог се засили по Илинденското востание 1903 година, особено во периодот по делбите на Македонија, во текот на Балканските и Првата Светска Војна.

Според Специјалната комисија на ОН за Балканот, во извештајот од 13 мај 1949 година, од Егејска Македонија вкупно се иселени 232.000 Македонци, а на нивно место грчките власти доселија и ја колонизираа Егејска Македонија со грчки бегалци од Мала Азија.Слична судбина имаше и северо-западниот дел на денешна Македонија во која се доселиле илјадници Албанци, Геги, Качаци и балисти.

Исто така, иселувањата од сите делови на Македонија биле интензивни меѓу двете светски војни, а особено по светската криза. Иселувањето се засилило по Втората Светска Војна, посебно по поразот на Демократската армија на Грција во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од егејскиот дел на Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални и социјални права.

Таква судбина имала и фамилијата Стамевски за која  е запишано дека е едно од печалбарските во Тетовско. Печалбарската сага ја започнале двајцата браќа Крсте и Ристо. Било одлучено тие да ја врват големата вода (океанот) и на гурбет да заминат кон далечната и непозната земја Америка. Така и се случува. Некаде околу 1919 – 1920 година, според кажувањето на Светле Стамевски, дедо му Крсте кинисува со лаѓата на долгата американска дестинација. Најпрво пристигнале во Њујорк, а потоа и до крајната дестинација – Детроит.

Bo овој град веќе имало луѓе од Одри, и сепак, било полесно некако со нив да се снајдат за работа и живеачка, барем во почетните времиња. Како дојденец, дедо му Крсте почнува да работи на тунелот  меѓу Детроит и Виндзур како и многумина други Македонци. Кога веќе малку се понакренал и почнал да гледа околу себе што се’ може да добие како шанса, тогаш тој оди во фабриката за автомобили Форд. Го примаат, и имал обврска да ги става прозорците на автомобилите. Набргу е пофалуван од претпоставените.

1svetle2Семејството Стамевски

Неговиот немирен дух не запира тука. Мисли, размислува, крои, прекројува, бара друго чаре и најпосле решава да почне да работи тоа што најдобро го може и умее и башка за себе, без на главата да му стојат шефови и тутори. Имал, значи веќе искуство, познат му бил занаетот од Романија и решава заедно со брат му Ристо и со уште еден нашинец да отворат фурна во метрополата Детроит.

My тргнал добро фурнаџиско-пекарскиот бизнис. Сепак и заработувачката не била лоша, па така и можел секоја година да си оди дома во Одри кај најблиските. И се знае колку далечината, повременото видување, кратките визити се и тешки но и со ефект. На секои три години им се раѓало по едно детенце. He сакал никако фамилијата да ја пресели во Америка. Знаел дека е на гурбет, а дека тој кога ќе дојде дома, најдобро е ако купи имот. Така и правел.

Према кажувањето на Светле, во Детроит останал околу петнаесет години. Некаде во 1935-1936 година, го фатил малер. Правеле туршија и дедото се затрул. Многу тешко го оштетил стомакот. Докторот го стаписал кога му рекол оти има само уште три недели живот, оти е толку опасно труењето. Ако е така, решил да се врати назад во Македонија и кога дошло да се умира, барем да си умре дома во Одри, кај најмилите.

Се качил на параходот. Знаел дека доколку се случи да умре на бродот, тогаш ќе го фрлат во океанот и трагата не ќе му се знае никогаш. Сепак, успеал некако да стаса до дома, иако болен, ама барем жив. Сепак решил да замине в планина и таму да бара лек. Ако го биде добро ако не, крајот се знаел. Таму високо во ридовите, нашол многу диви костени.

Почнал секој ден да ги меле да ги пече и да ги јаде истовремено пиејќи, планински чај и други билки. Дома неговите останале под силен стрес, што ли ќе се случи со Крстета. Полека, полека, се случило чудо. Стомакот му се враќал во нормала. Се излекувал и живнал веќе. Еден ден сосема закрепнат се враќа назад дома. И тој и фамилијата биле најсреќни. Најлошото минало, вели Светле Стамевски.

Продолжува 

Пишува:

1slave СЛАВЕ КАТИН

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ (9)

ИСЕЛЕНИШТВОТО – ЖИВОТНА ОПРЕДЕЛБА НА СЛАВЕ КАТИН

Во рамките на патувањата на Славе Катин ширум светот, има објавено многубројни текстови и публикации за македонските иселеници во САД, Канада, Австралија, Европа. Притоа, покрај разговорите за нивната животна голгота, не беа заобиколени ни типичните интимни прашања и проблеми.

.

Карактеристична е нивната генетска поврзаност со семејството. Потврда за тоа се книгите под наслов “Иселеничка вртелешка”, „Македонска искра“ – Скопје, 2008,1-254, на македонски јазик и преводот на англиски јазик насловен Love Stories  (Љубовни приказни), „Македонска искра “, Skopje, 2011, 1-130,  кои содржат по 20 исповеди на наши луѓе од разни возрасти, со различен социјален статус, без оглед во кој дел од светот живеат, а кај кои не згаснува нивната љубов кон родната земја Македонија.

Тоа значи дека македонскиот човек се судрува со фактот дека во дијаспората главен проблем не е само голиот опстанок туку и изборот на животниот сопатник, односно формирањето на ново семејство, што за секој Македонец е света работа, за што се поднесуваат и големи жртви.

Интимните приказни содржани во оваа книга најдобро го потврдуваат овој факт. Независно каде започнува и завршува битката за корените на македонското семејство, дали во Северна Америка, Европа, Австралија или во други земји, значајно е дека “крвта не е вода”. И затоа изборот на партнерот не е ни лесна ни едноставна работа.

Без оглед на убавината, добрината, способноста и вербата во заедничкиот живот, наведените случки покажуваат дека строгиот критериум на македонската семејна магнитуда, освен македонските моми, тешко би можела да ги издржи жена од друга националност, се разбира, со ретки исклучоци. Но, во оваа книга авторот се задржува на изборот во кој се содржи најдобриот одговор на оваа тема.

Инаку, на 19-ти октомври 2014 година, точно на пладне,  во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции на публикациите  “Love stories”, или како македонско издание насловено “Иселеничка вртелешка”, од авторот Славе Катин.

Во своето излагање Соња Лозановска, уредник на весникот „Македонија“, меѓу другото,  рече дека познавањето на историјата, културата, фолклорот, јазикот, духот, религијата и дриги карактеристики на Македонците од сите делови на Македонија, расселени насекаде по светот, му овозможи на Славе Николовски – Катин да напише текстови со љубовна содржина кои се интересни и евидентни, а кои се однесуваат на судбината и вистината на македонските иселеници.

Книгата “Иселеничка вртелешка” на Славе Катин е прозно дело на македонски јазик, а е отпечатено и на англиски јазик под наслов “Love stories” (“Љубовни приказни). Таа содржи дваесет љубовни стории, главно, за љубовниот живот во Татковината и во дијаспората, каде се случуваат најразлични љубовни настани, кои се невообичаени, пикантни и интересни.

Интимните приказни во оваа издание, рече Соња Лозановска на свој начин го потврдуваат љубовниот, семејниот, македонскиот дел од животот. Во делото се пренесени типичните интимни прашања и проблеми, особено на Македонците во дијаспората. А, Славе Катин познавајќи го животот, напредокот, животните судбини, семејните обичаи и постигнувањата на Македонците во Канада, САД, Австралија и Европската Унија, успева на сликовит начин, раскажувачки да не пренесе во љубовните лавиринти, кои оставаат силен впечаток кај читателите. Затоа, книгите “Иселеничка вртелешка”, на македонски јазик и “Love stories” на англиски јазик на Славе Катин со задоволство и топло ги препорачувам на македонските читатели

Исто така, во Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, Канада на 19-ти октомври 2014 година, во салата на катедралната Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, се одржаа промоции  и на публикациите “Светот на дланка” , Скопје, 2014, 1- 424, (на македонски).  од авторот Славе Катин, кое е изданија на издавачката куќа “Тримакс” од Скопје.

Ова дело со иселенички содржини беше промовирано во рамките на Литературното друштво “Браќа Миладиновци” кое е во состав на црквата “Св. Климент Охридски”, а во исто време кога се одржуваше интересната Модна ревија во организација на Женската секција при Црквата. Во присуство на голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија, за делото зборуваше проф.  Филип Ангеловски, водител и диригент на Црковски хор кој ја отвори

Филип Ангелковски во своето излагање, меѓу другото, истакна дека книгата “Светот на дланка” на публицистот Славе Николовски – Катин се промовира за прв пат на северно – американскиот континент и дека таа претставува репортерско видување, патувачки летопис, документ на хроничарски пристап и фактографска меморија на волшебната имагинација на авторот.

Инаку, публикацијата „Светот на дланка“ е 50. Издание на Славе Катин, почнувајќи од првото дело „Англиско–македонскиот лимнолошки речник“, што го издаде Хидробиолошкиот завод од Охрид во 1986 година. Во книгата се објавени 40 репортажи од доживувањата и посетите на 40 земји во светот, и тоа: со 50 двонасочни, или 100 еднонасочни патувања преку Атлантскиот Океан, почнувајќи од првиот лет во САД во 1965 година и во Канада во 1966 година, па се до 2014 година, потоа трите патувања до Австралија, посетите на: Индија, Емиратите, Средна и Јужна Америка, Европската унија и голем број земји на Блискиот Исток и Африка.

Како куриозитет се споменува дека по повод 40-годишниот брачен живот на Славе Катин со неговиот животна сопатничка Нада Николовска–Катин, како гости на Лили и Стив Плиакес, во февруари 2014 година заминале за Флорида. Од таму, со најголемиот брод на светот наречен „Волшебникот на морињата“ ги посетиле Хаити, Јамајка и Мексико и пак да се вратиле во Мајами. Потоа со џипот на навните пријатели ги прокрстариле источните држави на САД на пат за Торонто, од каде нивното најдолго патување го продолжија за Виена и Скопје.

Патувања во различни земји во светот на Катин беа мошне возбудливи, исполнети со многу непреспиени ноќи, искушенија, релаксирачки моменти, сознанија и предизвици да запознае различни држави, места, градови, народи, култури, религии, обичаи и многу карактеристики на современиот свет.

Притоа, имал можност да посетам бројни споменици кои имаат светско значење и кои оставаат вечни траги во сеќавањата на посетителот. Затоа, тешко е посебно да се издвои место, град или држава, бидејќи сите тие Господови дарби на мајката Земја имаат свое значење, величие, карактеристики и улога во афирмирањето на државите од светот каде се чувствувал како дома..

Публикацијата „Светот на дланка“, која има 440 страници е на македонски јазик, и токму на едно место, како на дланка пред читателот се отвораат широки хоризонти – и тој може да пропатува ширум светот, да се запознае со голем број земји, места, градови, интересни споменици на културите на домородното население, со културите и религиите донесени од освојувачите, особено на Англичаните, Шпанците, Французите и Португалците како и со креолизацијата на јазиците, народите..Таа е продолжение на книгата „Моите патувања по светот“, 2001.

Во поголемиот број земји во светот што ги посетил Катин живее и македонско население од сите делови и краишта на етничка Македонија. Затоа, одењето по светот како новинар; потпретседател на Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија; како член на државни, црковни, новинарски и други делегации, и како човек на кого светот му е предизвик, патувањата беа тесно поврзани со запознавањето, истражувањето и афирмацијата на македонските православни цркви, друштва и други асоцијации ширум светот.

Инаку, Македонците во дијаспората имаат долга историја која датира од втората половина на XIX век и со различен интензитет трае сè до денес. Тоа било диктирано од жестокоста на искушенијата низ кои минувал македонскиот народ во борбата за својот опстанок на просторот на кој постоела и се развивала државата на големиот македонски цар Александар Македонски.

Распаѓањето на Отоманското Царство и формирањето на балканските држави, пак, биле повод и причина за приграбување и освојување на територијата на Македонија и за нивно асимилирање како народ, во рамките на бугарската, српската, елинската и албанската држава, под насилничкиот патрон на Големите сили и нивните глобални интереси за доминација на Балканот.

Историската неправда, а со тоа и иселеничката голгота, особено од беломорскиот дел на Македонија е голем предизвик да се фрли светлина на страдањата и борбата на македонскиот народ за одбрана на нивниот национален идентитет, верата, културата, традициите и обичаите, кои извираат од неговите библиски корени. Тој историски факт може да се најде и најсилно да се почувствува кај Македонците во дијаспората, кои како припадници на една од најстарите цивилизации во Европа,  во битката за одбрана на националната кауза, морале да минат низ големи искушенија и страдања и да се потврдат како успешни градители на Новиот свет.

Со создавањето на македонска држава во 1945 година, по Втората светска војна, и со прогласувањето на нејзината самостојност и независност во 1991 годи-на, состојбата во дијаспората рапидно се измени. Круна-та на тој историски вознес беше обновата на Охрид-ската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, чија улога на обединувачки фактор на Македонците дојде до израз и во етничка Македонија и кај Македонците во дијаспората, кои само тие и античките Македонци се нарекуваат со тоа име. Затоа, во оваа публикација  меѓу другото, направив обид да се осветли дел од иселеничката одисеја на Македонците во светот.

Промоција на книгата „Светот на дланка” – Славе Катин покрај Торонто имаше и во Битола и Ресен. Така, Вво рамките на прославата на „Преспанскиот јаболкобер – 2014“ во Ресен се одржаа промоции на публицистички и поетски остварувања на авторите од Преспа, Славе Катин и брачниот пар од Торонто, Неда Лозановска и Алексо Лозановски.

На 25 септември 2014 година во Домот на културата „Драги Тозија“, во „Сарајот“ во Ресен се одржа Роднокрајна средба на дваесетина ликовни уметници, како и промоции на публицистички и поетски остварувања на автори од Преспа, и тоа на книгата „Светот на дланка“ од публицистот Славе Николовски – Катин, а во издание на „Тримакс“, на „Автобиографијата“ на Неда Лозановска и поетското остварување „Светулки“ од Алексо Лозановски.

Пред голем број присутно. Меѓу кои и покровителот на овие средби, градоначалникот на општината Ресен м-р Ѓоко Стрезовски. за публикацијата „Светот на дланка“ на новинарот, публицистот и преведувачот Славе Катин зборуваше проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ. Таа во своето излагање рече дека авторот на оваа дело е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 6)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА  МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

ПУБЛИЦИСТИКАТА НА СЛАВЕ КАТИН- ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ

Публикацијата „Иселеничките хоризонти“ е едно од делата на Славе Катин кое е посветено на македонското иселеништво. Ова дело прави уште еден крупен чекор во освојувањето на македонските олимписки височини на дијаспората. Овој пат низ пристап кој судбината на македонскиот народ ја осветлува низ призмата на нејзините најдраматични фази низ кои минува Македонија во последните 150 години.
Со сите нејзини отпори и страдања, низ битките за докажување на нејзиниот национален и духовен идентитет и интегритет

 

.Делото насловено „Иселеничките хоризонти“, „Македонска искра“, Скопје, 1999, 1-226, (на македонски).  се чита во еден здив, зашто раскажувачката парадигма на Славе Катин пленува со стилот и начинот на трансформацијата на настаните што се нижат како на лента од возбудлив филм кој не води од континент на континент.

Светот што ни го открива не е имагинарен, туку реален и непосредно доживеан, во кој авторот е соучесник и сведок, а не само посматрач. Неговите оценки и констатации извираат од живиот контакт и фактографијата со која го соочуваат неговите соговорници и затоа треба да се прифатат како релевантни факти и една продлабочена анализа за македонското иселеништво.

Всушност, повеќегодишната истражувачко-научна работа на Катин покажува дека неговото внимание е фокусирано на сите аспекти релевантни за целосно согледување на причините и последиците кои доведоа до македонската голгота. Но, не на еден стереотипен и вообичаено прагматичен начин, типичен за луѓето од историската наука, туку низ пристап на непосредна комуникација и опсервација на настаните, лично доживеани низ средбите со нивните актери од бројниот македонски иселенички ешалон на сите континенти. Со нив тој остварува лични контакти и разговори, низ кои, не само изворно, туку и најемотивно ја отсликува нивната судбина, но и суштината на овој историски феномен.

Од овие причини, делата на Катин имаат посебна привлечност и атрактивност, што е резултат на неговата раскажувачка способност. Тие придонесуваат државите, градовите и регионите во светот населени со Македонци, да ги чувствуваме како да ни се на дофат, блиски, познати, како и ние самите да сме дел од нив. Се разбира, таквиот впечаток, како што веќе истакнав, го создава пристапот на Катин кон појавата на иселеништвото, експлицирана во неговата вистинска димензија што ја чини магнетизмот на националниот арсенал и духовниот потенцијал на Македонската православна црква, како неодминлив стожер на Македонците во дијаспората.

„Иселенички хоризонти“ е книга во која Славе Кати како вистински глобротер, со чувство за откривање на возбудливите страни на животот го прави интересно дело за нашата културна и научна јавност. Светот што ни го открива не е имагинарен, туку реален и непосредно доживеан, во кој, тој е соучесник и сведок, а не само посматрач. Неговите оценки и констатации извираат од живиот контакт и фактографијата со која го соочуваат неговите соговорници и затоа треба да се прифатат како релевантни факти на една продлабочена анализа за нашето иселеништво.

На промоцијата на 5 мај 1999 година, во Домот на АРМ. А во присуство на претставници на Владата на Македонија, на МПЦ, верските заедници, научни, културни и други јавни работници, научниот работник професор Вера Стојчевска – Антиќ, ќе истакне:

„Во книгата ни се открива најболната македонска трагедија, крената и возвишена до ниво на една колективна национална судбина и историска категорија. Станува збор за книга која се вклопува во континуитетот на преселничката белетристика, дополнувајќи ги уште пошироко сознанијата за македонската дијаспора“. Како што веќе истакнав, ова дело на Катин е промовирано и во Германија.

Импресивната публицистичка продукција на Катин во 2001 година, е збогатена со книгата „Моите патувања низ светот“ („Македонска искра“ – Скопје, 2001, 1-192, на македонски јазик), во која се опфатени возбудливите импресии од неговиот престој во 20 држави на сите континенти, во кои живеат и македонски иселеници. Станува збор за Италија, Франција, Германија, Данска, Шведска, Унгарија, Романија, Украина, Чешка, Русија, Канада, САД, Бразил, Австралија, Индија, Турција, Египет и Израел.

Поентата за оваа книга Катин ја наоѓа во библиските стихови на Матеја дека „Блажени се кротките, зашто тие ќе ја населат земјата! Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“

За делото „Моите патувања низ светот“, професорот по журналистика д-р Томе Груевски рече: „Добриот репортер умее да ги поврзе работите од различни подрачја и од различни епохи во една целина која ги возбудува мечтите и поттикнува на размислување. Во новинарското обликување на репортажите на Катин доаѓа до израз неговата автентичност, доументарност и конкретното прикажување на она што е најбитно.

Тоа е сигурната информираност за она за што се пишува со мерка и рамнотежа во оценката и квалификациите на ситуацијата, пренесувањето на атмосферата и амбиентот, смислата за реалност во извлекувањето на заклучокот и одредување на пораката на секоја одделна репортажа, со јазик богат и разновиден, литерарно изнијансиран, во суптилен и слоевит стил“.

Во својата обиколка околу светот, на ограничен број страници, Катин пренел многу записи од животот и опстојувањето на човековата цивилизација, истакнува во поговорот на ова дело д-р Васил Тоциновски. Квантитетот на страниците во книгата, од една, и неограничените пространства на светот, од друга страна, се наметнале како егзистенцијална неминовност во еднаквоста на почетокот и крајот на судбината по чии легенди и преданија трага Катин и од нив се извлекува сегашноста како нераскинлива алка со минатото и иднината.

Затоа, секое патување претставува нешто ново, недоживеано, невидено, како во споредба со градот на контрастите Киев, со московските вечери, недогледните канадски хоризонти, за миг застанати во Монтреал, така и за зимската романса во Рио де Жанеиро, за плачот на Калкута, за светата слава на Истанбул, за земјата на фараоните и нејзината престолнина Каиро, за Светата земја Израел.

Патувањата на Катин низ светот се производ на иселеничката магија на Македонците, распрснати на сите континенти. Понесен од магнетизмот на нивната судбина, тој патува со надеж и верба дека ќе ги пронајде и лично ќе ја доживее нивната апокалипса. Затоа Катин трага по нив, не жалејќи време и напори да го оформи македонското иселеничко соѕвездие, без кое не може да се замисли планетарниот универзум. Тој ги забележува познатите историски реалности кои се прекршуваат низ внатрешните немири и возбуди на душата, мислата и срцето со неповторливото негово субјективно гледиште. Затоа тие и не можат да се најдат така оригинални на друго место како во делата на Катин.

Со оглед на фактот дека Славе Николовски – Катин, како никој друг досега, ги открива македонските иселенички хоризонти во нивната оптимална димензија, објективно може да се очекува, не само обединување на Македонците во светот, туку и една поконсектвентна политика на Владата на Македонија, која не случајно, за оваа цел промовира и посебен ресор.

Потпирајќи се на неговите дела, природно е да се очекува државата да ја доизгради долгорочната стратегија кон иселеништвото, за чија реализација се незаобиколни сознанијата и оценките на Катин за состојбите во дијаспората, за кои, инаку ретко каде можат да се најдат толку автентични оценки како неговите.

Публикацијата „Моите патувања низ светот“ своја промоција имаа во Скопје, во Народната библиотека „Свети Климент Охридски“, на која за ова дело говореа д-р Томе Груевски и Фиданка Танаскова.

Исто така, делото „Моите патувања низ светот“ беше промовирано и во Торонто, во МПЦ „Свети Климент Охридски“, а во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“. Пред поголем број присутни за делото го претстави познатиот македонски академски сликар Ѓорѓи Даневски, кој живее и работи во Торонто.

Зборувајќи пред голем број членови на Друштвото, претставници на црквата и други присутни од македонската колонија во Торонто, сликарот Даневски истакнал дека ова дело претставува репортерско видување и еден вид потрага по Македонците во светот. Во него Катин успеал да ги поврзи суштините на оделни градови, места и региони во светот, од различни епохи, во една целина, која ги возбудува духовите и поттикнува на размислување.

Продолжува

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ДЕЛ 5)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4-ТИ ДЕЛ

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ТРЕТ ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ВТОР ДЕЛ)

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ДИЈАСПОРАТА ПРЕКУ ПЕРОТО НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ КАТИН (ПРВ ДЕЛ)

ДЕЛ ОД ИСЕЛЕНИЧКАТА ВИСТИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ 4ТИ ДЕЛ

Појавата на македонскиот иселенички печат во светот е израз на долготрајната макотрпна борба на македонските доселеници (без разлика од кој дел на Македонија дошле), за афирмација на својот национален идентитет и на дедовската земја Македонија. Македонците во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја.

Во таа насока се настојувањата во овие продолженија во „Македонска нација“ преку публикацијата  „Македонскиот иселенички печат” (НИО Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254), да се претстават хронолошки по години информативните гласила пред читателите, да се прикаже љубота на Македонците кон пишаниот збор, вистината на иформирањето, постигнатите резултати на полето на новинарството и публицистиката и со еден аналитички пристап да се претстави историскиот развој на новинарската дејност кај Македонците во светот. Рецензенти од оваа научна студија се д-р Боро Мокров и д-р Весна Шопар, додека издавач е „Студентски збор“ од Скопје на чело со почитуваниот директор и учител во новинарството, Насте Стојкоски,

Мотивиран од Кенедиевата синтагма „Не прашувајте што сторила татковината за вас, туку што можете вие да сторите за неа“, Катин успеа да ја заврши и објави книгата која го опфаќа иселеничкиот печат од трите континенти – главно онаму каде што живеат и работат поголеми агломерации на македонското иселеништво – Австралија, Северна Америка (САД и Канада) и Европа (Европската Унија).

Во споменатите земји, за период од 45 години, печатот е опфатен со околу 150 печатени гласила и преку 40 радио и ТВ часови. Тој број денес е намален на активни гласила и радио и ТВ часови. Се работи за изданија (гласила) на одделни друштва, поединци или цркви кои се пласираат и пошироко од седиштето на нивното појавување.

Тој е свесен дека печатот во дијаспората е оној интегративен фактор кој на нашите иселеници им овозможува не само да ги афирмираат своите активности поврзани со националната припадност и културата, туку и да ги следат и бидат во тек со најбитните настани и случувања во нивната матична држава. Во истовреме, тие го збогатуваат и мозаикот на мултинационалните култури во САД, Канада, Австралија и Европската Унија, зашто македонските културни вредности, во светски рамки, претставуваат највисок цивилизациски дострел на една од најстарите нации во светот – македонската нација.

Публикацијата „Македонскиот иселенички печат“претставува прв труд од ваков вид во Македонија, кој има за цел да пополни извесна празнина во историографската анализа на печатот кај иселеништвото во Австралија, Канада, САД и Европа (Европската Унија). За нејзиното подготвување Катин користел многу извори (публикации, научни трудови, извештаи, разговори и други архивски податоци), но и сопствениот фонд со кој располага за оваа сфера, врз основа на неговите долгогодишни истражувања.

Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е резултат на неговата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. .Таа е подготвена со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија од 1992 година, времето кога Македонија стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новата средини.

Весниците во голем број случи го носат името “Македонија”, кое јасно говори за нивната силна врска со нивната дедовска земја, додека одреден број гласила носат името на историски настан или личности од старата татковина. Така, под името “Македонија” во Австралија, Канада, САД и Европа има 40 гласила чии содржини вклучуваат културни и историски настани, настојуваат да ги разбудат патриотските чувства кај читателите и, уште поважно, тоа се гледа како еден начин на поддршка на Македонија.

http://mactel.com.au/newsite/uploads/zdruzenie na novinari na makedonija.jpgКако по некое непишано правило, издавачката продукција на Катин секоја година се збогатува со нови дела за македонската иселеничка галаксија. Во 1993 година се појавува неговиот „Печалбарски копнеж“, („Матица македонска“, Скопје, 1993, 1-156, на македонски, а е посветен на неговите родители) кој доживува и второ издание и беше промовирано во Здружението на новинарите на Македонија.

„Во преку 44 публицистички текстови за македонските иселеници во Америка и Канада, Катин раскажува за своите средби и разговори со нив во македонските православни цркви, клубови и друштва, во овие две големи држави на Американскиот континент. Пред нас дефилираат најразлични човекови судбини на повеќе генерации македонски иселеници, чии заеднички одлики, како своевидни мотиви во овие раскажувања, се носталгијата кон родниот крај, врските со старата татковина и стремежите за зачувување на нивниот национален и културен интегритет“, истакнува д-р Томе Саздов во својот предговор кон ова дело.

Со оглед дека „Печалбарски копнеж“ се појавува само две години по осамостојувањето на Македонија, како суверена и независна држава, во неа посебен акцент е даден на заложбите на македонските иселеници за брза консолидација и успешна трансформација на земјата во демократска држава и нејзината ориентација за вклучување во евроатлантските структури. Во овој историски момент, заедничка и единствена благородна цел на сите Македонци, е развојот на Република Македонија како матица на сите свои чеда, без оглед од кој дел на Македонија потекнуваат и на кои меридијани тие живеат.

Од тие причини, ова дело на Катин е богата, автентична и значајна современа хроника на македонското иселеничко движење во дијаспората, во случајов во САД и Канада. Всушност, по книгата „Во Австралија како дома“, со овој свој нов ракопис, Катин ги заокружува своите репортерски записи и кажувања за бројните македонски иселеници. Тие првобитно биле само макотрпни печалбари, а денес се и видни граѓани на земјите во кои живеат и работат во попријатни околности, но со ненамалена желба и копнеж почесто да се најдат во преградките на својата прва татковина – Македонија.

Ваквите оценки за ова дело на Катин беа изнесени и на промоцијата на книгата во Матицата на иселениците од Македонија, во излагањето на нејзиниот претседател д-р Димитар Керамичиев, како и во кажувањата на Фиданка Танаскова, уредник во „Нова Македонија“ која, меѓу другото, вели дека авторот на оваа книга сторил завиден напор да ни стави на дланка макар парче од таа разгранетост и реалност на македонскиот етникум ширум северно-американскиот континент.

Значајно е да се одбележи дека во рамките на Илинденските иселенички средби во Љубојно се промовираат поголем број литератуни дела на љубанци, со особена нагласка на творештвото на Славе Николовски-Катин. Така, на  2 август 2000 година, на „Полена“, а пред голем број љубанци, туристи, гости и намерници на средбите беа промовирани книгите: „Печалбарски копнеж“, „Македонски иселенички паноптикум“ и монографијата за најголемиот донатор од иселеништвото „Атанас Близнаков“ чии  автор е Славе Катин. Пред присутните, на „Полена“ за трите книги и за творештвото на Катин зборуваа проф. д-р Томе Саздов, д-р Петре Лубаровски и Бошко Рајчовски – Пелистерски.

http://mactel.com.au/newsite/uploads/mpc sveti kliment ohridski toronto.jpgУште незаборавени импресиите од делото „Печалбарски копнеж“, пред читачката публика, во 1994 година се појави “Македонски вознес“ (МПЦ „Свети Климент Охридски“, Торонто, 1994, 1-232, на македонски и англиски јазик).  на Катин и Ф. Танаскова, монографија за Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, која, во истовреме, е и издавач на ова дело.

Во својата рецензија за книгата, полошко-кумановскиот архиереј, митрополитот Кирил, истакнува дека големиот празник, тридеценискиот јубилеј на светиот македонски храм „Свети Климент Охридски“ во Торонто е вистински македонски вознес за сите браќа и сестри од род македонски, за сите имени и безимени кои вградија огромна љубов, дарување, труд и самопрегор во неговите темели и го подигнаа овој прекрасен и најголем соборен храм на северноамериканскиот континент.

Црквата била и останува да биде симбол на македонското име, непокор, тврдокорност и постоење на далечните прекуокеански простори, во чии двери пулсира една извонредно динамична активност, атрактивна, привлечна и неодминлива за сите генерации Македонци, подвлекува митрополитот Кирил во предговорот под наслов „Летопис на генерациите“.

„Повеќе од еден век е зад нас откако од македонската родна земја кон канадскиот простор тргна и се’ уште трае масовната брановита преселничка река. Така, денес само во Торонто е формирана повеќе од стоилјадна македонска комуна. Во сите години зад нас, македонскиот етникум разви импозантен самоорганизиран колаж кој оствари извонредно широка и значајна активност на сите полиња. Црквата „Свети Климент Охридски“ со оваа монографија го овековечува своето постоење и мисија“…, истакнува вториот рецензент на оваа книга, Христо Андоновски.

Во посветата на монографијата за црквата „Св. Климент Охридски“, г.г. Михаил вели: „Плодот што го роди дрвото посадено од свети Климент Охридски во Македонија, доведе до создавање на Охридската архиепископија, која денес постои во лицето на Македонската православна црква. Корените на тоа Светиклиментово дрво се раширија насекаде низ цела Македонија и светот и стасаа до северноамериканскиот котнинент, каде изникна еден од најголемите и најзначајни духовно-национални и културно-просветни храмови што македонските иселеници го имаат – соборниот храм-црквата „Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Во изминатите три децении црквата оствари значен црковен, духовен, национален и културен развој, со што даде голем придонес во севкупното живеење на македонските доселеници од сите делови на Македонија и го збогати мозаикот на демократска и мултикултурна Канада“.

Промоцијата на ова дело е извршена во Соборната црква на Американско-канадската македонска православна епархија „Свети Климент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело е промовирано и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото на Катин и Танаскова претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Трајановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како реликвиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-национална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Струмица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа професорите д-р Вера Стојчевска Антиќ, универзитетски професор и д-р Димитар Керамичиев, како претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Продолжува…  Душан Ристевски

 

 

Учителот и револуционер, Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец – II дел

За одбележување е податокот дека во текот на Илинденското востание Ѓорѓиучествувал во нападот на железничката станица во Екши Су и во прекинување на телеграфските жици во регионот, потоа во нападот на касарните во Невеска, како и во други борби

По завршувањето на востанието се повлекува во Грција и е уапсен во Волос. Во своите спомени Поп Христов ќе забележи:

„Во истрагата учествуваа двајца офицери. Прво ме запрашуваат дали знам грчки и зошто не знам… Тие се чудат и велат: – Како така, ти си по потекло од Македонија и да не знаеш грчки, кога Македонија е наша и слично. Потоа прашуваа кој ни го даде оружјето за востанието. Им кажувам: – Никој, со пари сме го купиле од вас и каде сме можеле да најдеме. Тие останаа со уверување дека јас не сум од Македонија, а дека сум бугарски офицер. Не можеа да поверуваат, исто така, дека ние сме го направиле востанието. Велеа: – Бугарски офицери како Сарафов и други го направиле востанието, а не вие. Уште тогаш разбрав каква злоба и какви намери се раѓаат кај Грците против нас… во Македонија“.

Ѓорѓи Поп Христов успешно избегал од притворот во Пиреја, а потоа преку Атина, со помош на архитектот Георги Киселинчев од костурското село Косинец, се префрлил во Варна, Бугарија. Кон крајот на 1903 година, учествувал на состанокот на дејците на Македонската револуционерна организација во Софија, а потоа во пролетта 1904 година заедно со војводата Ванчо Србаков повторно се вратил во Македонија, каде работел на обновување на Организацијата во Битолско, Леринско и Костурско. Во мај 1904 година, учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес, а во октомври 1905 година учествувал на Рилскиот конгрес.

Во текот на 1906 и 1907 година, Ѓорѓи Поп Христов кој страдал од реума и се разболел од маларија, останал да се лечи во Бугарија. За да може да го плати лекувањето тој работел како учител во софиско училиште,  а во меѓувреме се оженил со битолската учителка Василка Стефанова која активно ја помагала Македонската револуционерна организација.

gph2   gph3

Ѓорѓи Поп Христов                                                    Крстоар

По расцепот во Организацијата кој настанува на Рилскиот конгрес, Поп Христов зазел неутрален став. Оттука, тој не присуствувал на Ќустендилскиот конгрес кој го организирале конзервативците од 5 до 15 март 1908 година. Сепак, по Младотурската револуција од 1908 година, откако се вратил во Битола каде работел како учител, не го одбегнале внатрешнопартиските пресметки во Организацијата.

Кон крајот на 1909 година, тој бил уапсен по убиството на Црногорецот Ј. Јовановиќ, но по два месеца бил ослободен. Во 1910 година, младотурските власти повторно го затвориле во Мала Азија, од каде во 1911 година успеал да побегне. Пребегал во Бугарија и се вработил во Главната дирекција за статистика.

Пред Балканските војни, Поп Христов повторно се вклучил во дејноста на Македонската револуционерна организација и заедно со Димитар Влахов и Павел Христов правеле напори да ја обединат поделената Организација. Биле свикани сите благотворителни македонски братства и бил избран исполнителен комитет. За претседател бил избран Александар Протогеров, а за секретар Ѓорѓи Поп Христов. Верувајќи дека се бори за ослободување на Македонија, Ѓорѓи Поп Христов како и голем број Македонци учествува во Балканските војни и Првата светска војна.

Во виорот на Втората балканска војна Ѓорѓи Поп Христов повторно се вклучил во Македонско одринско доброволство во Третата бригада под команда на Александар Протогеров. По завршувањето на мегусојузничката војна и Букурешкиот мировен договор кој бил одржан на 10 јуни 1913 година, доаѓа до поделба на Македонија помеѓу трите балкански држави Србија, Грција, Бугарија  и новоформираната албанска држава.

За поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година, Ѓорѓи Поп Христов во своите спомени ќе напише: „Наместо да се случи посакуваната слобода нашата родина Македонија со Букурешкиот договор беше поново поробена и распокината помеѓу Грција,Србија и Бугарија,таа војна и нанесе најголем удар на македонската кауза и ослободителното движење.

gph4 

По Првата светска војна емигрирал во Бугарија и се држел неутрално меѓу спротивставените страни во Организацијата. Во 1921 година учествувал во основањето на Илинденската организација и станал нејзин секретар. По превратот во Бугарија од 9јуни 1923 година, како битолски војвода заминува со Александар Протогеров, Петар Шанданов и други во Албанија од каде преминуваат во Вардарскиот дел на Македонија. Тие го обиколуваат Ресенскиот, Демирхисарскиот, Охридскиот и Кичевскиот Регион и го организираат Битолскиот окружен конгрес. На крајот на септември 1924 година, се вратиле во Бугарија преку Италија.

По убиството на Тодор Александров (1924), Ѓорѓи Поп Христов на Шестиот конгрес на ВМРО во 1925 година, бил избран за член на Централниот комитет. По убиството на Протогеров (1928), Поп Христов ја предводи протогеровистичката струја на ВМРО, која е незадоволна од раководењето на И. Михајлов. Во 1931 година, Поп Христов се повлекол од активната дејност во ВМРО. Починал 1962 година во Софија, Бугарија. Во своите „Спомени“ тој во детали ја опишува историјата од тоа време, посебно активностите на ВМРО.

Ѓорѓи Поп Христов умира во Софија на 20 февруари 1962 година. Во своите спомени, тајни писма и преписки со своите сореволуционери, во   револуционерната архива на Организацијата се среќава под псевдонимите-„Бистров“, „Ѓорги Крстарецот“, „Форов“ѓ  Ѓорги Поп Христов, со своите дела и живот посветен на македонското ослободително дело се издигнува во еден  скромен македонски деец, кој целосно и доследно ѝ служи на македонската кауза, тој претставува еден неуморен работник на ВМРО со силен револуционерен дух, кој поминал една цела животна голгота посветена на македонското ослободително дело.

Ѓорѓи Поп Христов претставувал еден револуционер кој, пред сé, се стремел да обединува и помирува. Тој му служел на македонското револуционерно дело триесет и две години и поминал низ сите фази на  револуционерната епопеја на ВМРО, во која овој битолски (крстоарски) револуционер се издигнал како одличен организатор, стратег и еден неуморен деец целосно посветен во борбата за слобода на Македонија.

Продолжува

 slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН