Разговарајте со другите посетители на нашиот сајт

ENGLISH

ИНФО
ДОМА
ЗА НАС
АРХИВА
ПРЕТПЛАТА
САД - ИЗБОРИ
БИЗНИС СОРАБОТКА
КОНТАКТ СО КЛУБОВИТЕ
ЦРКОВНИ ОПШТИНИ
ПИСМА ОД ЧИТАТЕЛИТЕ
 


ЏОРЏ БУШ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

 

                         

 

 

  ВИОЛЕТА АЛАРОВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКА
  НИЕ СЕ РАЗЕДИНУВАМЕ,А ДРУГИ СЕ ОБЕДИНУВААТ

  ЗЛАТКО ДИМЧОВСКИ
  РЕАЛИЗИРАЈ ГО СВОЈОТ СОН ЗА ДА НЕ РАБОТИШ ЗА СОНОТ НА ДРУГ

ПОЛИТИКА

ЗМИИТЕ“ СИ ГИ ОТКРИЈА НОЗЕТЕ

ПАН-АЛБАНИЗМОТ ЗАКАНА ЗА СТАБИЛНОСТАНА БАЛКАНОТ


  ДИЈАСПОРА
ЈА БРАНЕВМЕ ЧЕСТА НА СВОЈАТА РОДНА ЗЕМЈА“

ЗМИИТЕ“ СИ ГИ ОТКРИЈА НОЗЕТЕ

По 14 години Љубчо Георгиевски се раздели од својата 'младост'. Ја напушти својата партија без ниедна солза, но 'богат во кесето'. Тој конечно се всели во дувлото на ВМРО-Народна, стотина метри подалеку од Штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, со себе го понесе и мебелот и другиот партиски имот (згради, фирми итн.). На тој начин, најголемата опозициона партија ја остави без денар, во долгови и само да ужива во брендот на ВМРО-ДПМНЕ.


ПАН-АЛБАНИЗМОТ ЗАКАНА ЗА СТАБИЛНОСТА НА БАЛКАНОТ

Во втората половина на ХХ век, албанскиот сон беше фљамур - албанското знаме кое требаше да ги бодри да истраат во борбата за единствена албанска држава. Кон крајот на минатиот и на почетокот на овој век тој сон се сонува како "Косово република", а во Македонија екстремните Албанци, импортирани од Тирана и од Приштина, почнаа да сонуваат нови граници и нова држава на сите Албанци наречена "Илирида".


РЕАЛИЗИРАЈ ГО СВОЈОТ СОН ЗА ДА НЕ РАБОТИШ ЗА СОНОТ НА ДРУГ!

Златко Димчовски, физичар, научник и бизнисмен, човек со кој треба да се гордее нашата држава Македонија. Но, за жал, Димчовски повеќе е ценет во странство, отколку дома. Ја напушта својата родна земја, затоа што во неа не му е овозможено да го работи тоа што го знае и умее, така што со своето знаење и умеење заминува во светот. Познат е по многубројните иновации, за кои се уште ја нема добиено Нобеловата награда, но не е далеку од неа.


ИЗВИСЕНИ

Повторно уцени, ултиматуми. Ако не го прифатиме процесот на нова територијална поделба и децентрализација можеме да се оддалечиме од европските институционални структури. Нови извисувања во кои, искрено кажано, тешко може да се верува.
Дали позитивниот исход од најавениот референдум ќе ги одвлече назад или ќе ја зачува земјата во изворната форма во која и сега егзистира? Пат позиција без вистинско решение. Дали еднаш ќе престанат желбите за сегментација? Дали преструктуирањето на границите на Балканот е завршено? ЕУ и НАТО одговараат во еден глас - ДА!!!


ДОЛГОГОДИШНАТА БОРБА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТРИОТИ

"Ако не застанеме прегрнати во името на татковината, дотогаш нас, Македонците, четирите соседни волци алчно ќе нe проголтаат, а Македонија ќе остане само како географски поим", вели авторот Иван Трпоски.
За помладите читатели ова дело ќе претставува поттик за да продолжат со борбата за признавање на основните човекови права на Македонците каде и да живеат.


ПРАЗНИК НА "СИТЕ МАКЕДОНСКИ СВЕТИТЕЛИ"

Ако погледнеме во далечното минато, а и денес, ќе забележиме дека во текот на историјата во Македонија се раѓале голем број Христови војници, кои умирале бранејќи ја Евангелската вистина, многу верни и вистински синови на татковината настрадале за нејзината слобода, и сите тие нашле начин на кој човекот ја победува смртта.
лСведоци сме дека македонските јунаци издржаа мачеништво на земјата за одбрана на татковината, кога во нивната држава терористите со ножеви им пишуваа по телата. Сведоци сме и не можеме да ги заборавиме имињата на последните жртви (Бобан, Миле, Роберт, Игор, Сашо, Кире, Ѓоко и другите чии имиња се забележени пред Бога), кои ниту со срцето, ниту со устата не се откажаа од Бога и од родната грутка.

 
 
МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 2004