Делегација предводена од Бојан Маричиќ се сретна со претседателот на Европскиот суд на правдата Коен Ленартс

Во рамки на објаснувачкиот скрининг за Поглавје 18 – Статистика во Луксембург, делегација предводена од Посебниот…

АХВ: Нема присуство на пестициди во увезените мандарини од Турција

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вршат континуирани контроли и на пратките со…

Хан: Договорот од Преспа е можност за зајакнување на добрососедските односи и промоција на билатералната соработка

Договорот од Преспа е пример за помирување и можност за зајакнување на добрососедските односи, пишува еврокомесарот…

На границата со Грција поставен натпис Република Северна Македонија

На преминот „Богородица“ на границата со Грција денеска е поставен натпис со новото име Република Северна…

Нов главен извршен директор и претседавач на Македонија 2025

 Нов главен извршен директор на организацијата Македонија 2025 е проф. Никица Мојсоска Блажевски, чие искуство во академијата…

Бугарската Влада му предложи на Народното Собрание да го ратификува Протоколот за НАТО

Бугарската Влада го одобри Протоколот за НАТО, односно приклучувањето на Република Северна Македонија кон Алијансата, што…

Замената на патните документи и табличките на возилата на товар на граѓаните

Замената на патните документи и регистарските таблички со новото име на државата ќе бидат на товар…

Меѓународните фестивали од Куманово „Денови на комедија“ и „Тамбурашкиот фестивал“ не добија средства од Министерството за култура

Реномираните меѓународни фестивали, „Денови на комедија“ и „Тамбурашкиот фестивал“ не добија ниту денар од Министерството за…

Различни гледишта за перспективите што не очекуваат во 2019

По позитивните резултати од процесот на имплементација на Преспанскиот Договор и од ратификацијата на пристапниот Протокол…

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите за членство во Европската унија на Албанија да биде заедно со Македонија. – Во текот на оваа година многу посакувам да почнат преговорите за членство во Европската унија. Тоа би било позитивно постигнување за Албанија и тоа да можеме да го постигнеме заедно со нашиот сосед, Македонија, која постигна голем успех со решавањето на прашањето за името со Грција, со што сега е подготвена да стане членка на НАТО, изјави Мета. Второ, посочува тој, многу би сакал да има успешна финализација на дијалогот меѓу Косово и Србија, бидејќи тоа ќе биде од клучно значење за зајакнување на мирот, стабилноста и соживотот во регионот, но исто така и да се гарантира европската перспектива на двете земји и на Србија и на Косово, во исто време. Во истото интервју Мета оценува дека „ промената на границите не е решеније за регионот“. – Балканот може да напредува единствено преку соживот во хармонија и зошто не во една блиска иднина границите помеѓу државите да бидат минато со влегување во Европската унија. Тоа е филозофијата околу границите изградена од ЕУ, соработка, соживот за да се гарантира безбеден и здрав амбиент за сите, независно од националноста, верската или друга припадност. Верувам дека за Балканот ова било и е многу значајно, смета Мета. Додава дека на Балканот секоја нација е мнозинство во една држава, но е малцинство во една или неколку други држави. И единственото решение е сите држави да ги почитуваат европските стандардите за правата на малцинствата.

Албанскиот претседател Илир Мета во интервју за „АЛБ УК ТВ“ изјави дека посакува почетокот на преговорите…