Поширока соработка меѓу македонското друштво „Илинден” и прилепскиот Институт за старословенска култура

Претседателот македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана Никола Ѓурај се сретна со претставници на Институтот за старословенска култура во Прилеп, Александар Василески историчар на уметноста и археологот Дејан Кебакоски.

На средбата досегашната соработка била оценета како добра и биле изразени заложби за нејзино унапрдување.

Претседателот на „Илинден“ вработените од институтот ги запознал со најновите активности на друштвото и ја  нагласил потребата од соработка на полето на размена на сознанија и информации кои се однесуваат на Македонците во Албанија.

– Беше истакната вземната заложба дека со голем број на истражувања, од страна на македонските научници во пределите каде живеат Македонци во Република Албанија, ќе бидат зачувани и овековечени македонските корени на населението, нивната традиција и историја. Соговорниците со став дека за проширување на соработката неопходна е помош и подршка и од соодветните државни институции во Република Македонија, пренесува елекронското издание на единствениот весник на македонски јазик во Албанија „Илинден“.

Во оваа прилика за библиотеката на Институт донирана е колекција од сите броеви на весникот „Илинден“ кој се издава веќе седум години, како и други публикаци на македонско друштво „Илинден”.