Еуроникел: Инвестирани над 60 милиони евра во рестартирање на „Фени” и откуп на побарувањата

Досега се инвестирани над 60 милиони евра во рестартирање на “Фени индустри ” и откуп на побарувањата кон оваа компанија, со план за дополнителни инвестиции во наредните недели, преку соопштение информираа денеска од Еуроникел.

Производството на фероникел, велат, беше обновено на почетокот на март, а вработените, транспортерите и другите добавувачи се вратија на редовните активности.

– По објавата минатата недела, пристапивме кон комерцијални разговори со необезбедените доверители чии побарувања беа утврдени во стечајната постапка на “Фени”. Повеќе од 80 проценти од вкупниот број необезбедени доверители одговорија позитивно и досега се потпишани договори со поголемиот дел од нив. Првите исплати по потпишаните договори беа направени минатиот четврток и петок, а процесот ќе продолжи од понеделник следната недела, соопштија од компанијата.

Додаваат дека покрај необезбедените доверители, завршило и преземањето на побарувањата на трите локални банки кон “Фени”, по што било поднесено официјално известување до судот во Велес дека тие побарувања се преземени и се потврдила намерата за поднесување план за реорганизација, заради континуитет на активностите за производство на фероникел.

Ги охрабруваат сите останати доверители кои се уште не ги контактирале и не започнале преговори, да стапат во контакт со правните советници, адвокатското друштво Поленак, за преземање следни чекори.

– Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во “Фени”. Секоја од овие промени значи чекор напред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на “Фени” надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока, рекол Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на Еуроникел, по неговата посета на Скопје, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *