Соопштение за јавност за посетата на Коsијас

Почитувани,

Во врска со посетата на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsијас и заедничката прс конференција со Македонскиот Министер за надворешни работи Никола Димитров, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

Првичната оценка за долгоочекуваната посета на Никос Кoсијас на Македонија е по онаа народната „се тресеше гората се роди глушец“! Заедничката прес конференција со Никола Димитров беше манифестација на добри дипломатски манири и одговори на новинарски прашања во ребуси. Македонската јавност е повторно во хендикепирана ситуација, бидејќи не доби ниту една релевантна информација за Грчката и Македонската нацрт спогодба. Сепак, колку и да се трудат да сокријат, впечатокот е дека планини не делат од евентуален компромис за името.

Не е јасно зошто актуелната Влада на Зоран Заев и Никола Димитров се уште крие дека предлозите на официјална Атина се понижувачки и со крајна тенденција да наметнат решение кое ќе дефинира и ново Уставно име и нов идентитет. Заклучокот е дека авантурата да преговораме директно со Атина беше погрешна и не доведе во непријатна ситуација. Не смееме да го напуштиме покровителството на ООН. Бараме транспарентност и сакаме да знеме дали актуелната Влада воопшто има план Б. Павлопулос вчера повтори дека Грција инсистира прво да се промени Уставот, да се отстрани наводниот Македонски иредентизам, па дури после да се потпише нов билатерален меѓународен договор. Коsијас тоа денес со внимателно избран вординг го потврди среде Македонија.

Македонија не е приватна Држава па за најважното прашање за иднината на Македонскиот народ да знаат само неколкумина кој времено се извршна власт. Нашиот јужен сосед го бара од нас невозможното, да се обезличиме како народ и Држава. Или ќе ги прифатиме нивните уцени или нема ЕУ и НАТО.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Македонската Алијанса ја повикува Владата конечно да соопшти што содржи предлогот на официјална Атина и да ги слушнеме нивните позиции. Сакаме да знаеме дали постои храброст, знаење и капацитет да се одбранат Македонските национални интереси. Ако не се кадарни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка има кој знае како се обезбедува сигурна иднина за Македонија.

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *