Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во лично и од име на партијата им го честита празникот Свети Сава на припадниците на српската заедница во Република Македонија која, како што вели, е земја пример во која секој нејзин граѓанин може да ги негува своите јазични и културни традиции, притоа респектирајќи ги културните и идентитетските особености на другите.
-Тие вредности се длабоко вкоренети во оваа земја. Различностите во Македонија се богатство и како такви се вклопени во дел од нашиот мозаик. Одбележувањето на ваквите празници градат мостови помеѓу народите, затоа што се базираат на заемна почит и разбирање, вековни вредности градени тука во Македонија. Почитта кон еден народ и неговата култура е мост преку кој луѓето меѓу себе се зближуваат, ги развиваат своите врски и на тој начин градат подобра иднина. Треба да разбереме дека и внатре во Македонија, но и кон надвор, мораме да си подаваме рака за соработка со заемно уважување и со добра волја, пишува Мицкоски во честитката.