ВЛАДАТА НА ГРЦИЈА ГО УКИНА ФУДБАЛОТ

Големиот инцидент во Солун, на кој газдата на Паок, Иван Савидис, незадоволен од судењето влета со пиштол на теренот сакајќи да се пресмета со судиите, предизвика огромно внимание во фудбалскиот свет. По повод тоа, веднаш реагираше владата на Грција, која го суспендираше првенството се додека не се создадат услови за нормално одвивање на натпреварите.

-Веќе три години наназад, Владата се обидува да создаде нормални услови за играње на натпревари. Добивме многу битки но има уште многу да се стори. Нема да дозволиме да се вратат старите навики и затоа решивме да го стопираме првенството. Во следните денови ќе разговараме со федерацијата, клубовите и играчите. Исто така веќе сме во комуникација со УЕФА и децидни сме во ставот дека првенството нема да продолжи додека не се постават правила на игра и регулативи за нормално функционирање – се вели во соопштението на Владата на Грција.