АНГЛИЈА СТРАВУВА ЗА ХАРИ КЕЈН

Тотенхем успеа да го совлада Бурнемаут со пресврт, но цената која ја плати за тоа е огромна, а можеби и фатална за англиската репрезентација, која треба да учествува на СП во Русија. Имено, по еден судар со голм,анот на Тотенхем, Беговиќ, на тревата остана да лежи најдобриот англиски фудбалер, Хари Кејн. Тој беше изнесен од теренот и подоцна виден како со патерици го напушта стадионот.

Доколку се потврди стравувањето дека Кејн има повреда на скочниот зглоб, нешто слично како Нејмар, тоа значи дека ќе паузира најмалку три месеци, што од своја страна значи дека за него СП во Русија ќе биде завршено уште пред да почне.

Од Тотенхем велат дека нема да даваат никакви изјави во врска со повредата се додека не се утврди за што точно станува збор. Дотогаш цела Англија останува во неизвесност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *