НЕМА КАЗНА ЗА ШКЕНДИЈА

Дисиплинската комисија на ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев, во која се бараше одземање на бодовите на Шкендија поради прекршувањето на правилото за играње на младинци во екипата.

Дисиплинската комисија го разгледа случајот и заклучи дека нема прекршување на правилото, бидејќи е точно дека Енис Фазлагиќ доби црвен картон во 21 минута, а вториот младинец Шефит Шефити влегол во игра во 36 минута. Но, во спорните 15 минути, Шкендија играла со играч помалку, значи не ставила во игра поискусен фудбалер со што би го прекршила членот од правилникот.

Тоа значи дека во овој момент Шкендија која е прва на табелата му бега на второпласираниот Вардар 11 бодови, со што првенството, барем што се однесува до шампионот решено.