СКАПО ПЛАТЕНА ГРЕШКА

Кинескиот прволигаш Гванжу ја призна грешката која ја направи пред две години, кога за огромни 42 милиони евра во своите редови го донесе екс-голгетерот на Порто и Атлетико Мадрид, Џексон Мартинез од Колумбија.

Имено, поради тоа што Мартинез не ги исполни очекувањата, Гванжу реши да му врачи отказ, оправдувајќи го овој свој потег со фактот дека фудбалерот за две години одиграл само 16 натпревари и постигнал четири гола.

Мартинез е сега слободен фудбалер, а има полни 31 година. Дали и каде ќе ја продолжи кариерата останува да видиме.

SHARE