Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со амбасадорка на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Притоа во разговорите е нагласен и интересот за интензивирање на економската соработка, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
Пендаровски, како што се наведува во соопштението, се заблагодари за континуираната поддршка и помош од Шведска, која е силен поддржувач на политиката на проширување на Европската Унија и изрази очекување дека Северна Македонија и Шведска и во иднина ќе ги јакнат меѓусебните односи и врски преку постојано унапредување на соработката и поддршка на македонските евроинтеграции.