ВМРО-ДПМНЕ: Остануваме на браникот на татковината, Делчев е нашиот идентитет

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, претседателката на Унија на жени Жаклина Пешевска денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец и великан Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Оддавањето на почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот.

ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и денеска покажува почит и негување на заложбите на македонските херои и останува на браникот на одбрана на татковината, бидејќи за нас токму Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет.