Со изложба насловена „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“ македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132, денеска, го одбележаа Светскиот ден на сестринството.
На настанот присусуствуваа и претставници на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, согласно медицинските прописи за заштита, а Цветин на неговиот балкон на улица Рузвелтова ги изложи своите уметнички креации, како и слика во димензија од 101 метар со цвеќиња која што симболично ја спушти од балконот до дворот пред зградата.
Цветин им подари и рози на медицинските сестри во чест на Флоренс Најтингел, прва медицинска сестра, која е родена пред 200 години.
Оваа година e прогласена за година на сестринството и 12 мај за Светски ден на сестринството.