Спасовски: Со медицинските сестри надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19 пореални и остварливи

 Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук им го честиташе 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, изразувајќи благодарност на медицинските сестри во нашата земја и низ целиот свет за нивната храброст и посветеност, заради кои, како што посочува, надежта и оптимизмот во битката со КОВИД-19, стануваат пореални и остварливи.

-Секогаш први во грижата, медицинските сестри се присутни на некои од најскапоцените во животот моменти, како и во моментите на тага. Ви благодариме и ви го честитаме Меѓународниот ден на медицинските сестри, ден кога целиот свет им оддава признание за големата стручна и хумана помош што секојдневно ја добиваат пациентите во болниците, напиша на фејсбук Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *