Во заостанатиот натпревар од 7. коло од првата македонска кошаркарска лига, екипата на МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето во Кавадарци над Фени со 82-56.
Домашните беа рамноправни само во првата четвртина која ја добија со 14-12, а се друго беше во корист на екипата од Скопје. Во втората четвртина гостите направија предност од 11 поени, а на одмор се замина со резултат 25-34 во корист на МЗТ.
Во второто полувреме рутинска игра на гостите, кои во ниту еден момент не дозволија домашните да се приближат и да ја загрозат нивната победа.
Во екипата на МЗТ најефикасен беше Јуре Лалиќ со 20 поетигнати поени, додека веднаш зад него беа Радослав Спасоевиќ со 16 и Марко Симоновски со 15 коша. Кај домашните најдобар беше Јане Петровски со 19 поени.
На табелата води Работнички со 14 бодови, пред Блокотехна со 13 и МЗТ Скопје и Карпош Соколи кои собраа по 12 бодови.