МАКЕДОНИЈА ВО ВРВОТ НА СВЕТСКОТО КАРАТЕ

Најдобриот македонски каратист во традиционално карате, Дејан Недев, е избран за член на бордот на директори на највисокото тело на Меѓународната традиоционална карате федерација. Ова е големо признание како за Дејан, така и за Македонија, бидејќи за прв пат нашата држава има свој претставник на така висока позиција.

Во Техничката комисија на оваа федерација е избран и Венцислав Недев, а на местото на досегашниот претседател Ричаерд Јоргенсен од  Канада, кој се повлече од функцијата, избран е бразилецот Џилберто Гартнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *