Кавадарци ќе субвенционира енергетска ефикасност во колективни згради. Субвенционирањето ќе биде со триесет проценти од вкупниот износ на инвестицијата. На денешната шеста седница советниците во Советот на општина Кавадарци, донесоа Одлука за субвенционирање на воведување мерки за подобрување на енергетска ефикасност во станбени згради за колективно домување.
Се работи за поставување на термоизолациони фасади на станбените згради за колективно домување во Кавадарци, во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија.
Мерките ќе бидат поддржани со финансиски средства од буџетот на општина Кавадарци.
Висината на годишните буџетски средства ќе се одредува врз основа на годишната програма за развој на општина Кавадарци.