Под мотото „Нашите дејства се наша иднина! ЗДРАВА ИСХРАНА за #СветбезГлад”, денеска во ОУ „Крсте Мисирков” во Општина Гази Баба ќе биде одбележан Светскиот ден на храната.
На настанот, што е во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), најавено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.