Писмена реакција за изјавата на Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов

МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ ТРЕБА ДА ГО ИГНОРИРААТ КАРАКАЧАНОВ! ТОА ШТО НЕМАКЕДОНСКА ВЛАДА МУ ПРАВИ ПРИЕМИ НАМЕСТО ДА ГО ПРОГЛАСИ ЗА НЕПОЖЕЛНА ЛИЧНОСТ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА МУ СЕ ДОЗВОЛУВА СРЕДЕ СКОПЈЕ ДА ЈА СПОРЕДУВА МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА СО МАРСОВЦИ И ЕСКИМИ!

 

Уште еднаш на дело ја видовме веќе одамна познатата иредентистичка и националистичка официјална политика на Бугарска Влада. Со своите ставови Борисов, Захариева, Каракачанов во суштина грубо го кршат Договорот за Добрососедство. Каракачанов не е од вчера и со неговите провокации всушност испраќа неколку јасни пораки. Бугарија не го признава Македонскиот идентитет, за нив, исто како и за Грците, Македонија и Македонската нација се вештачка творба на Тито создадена после 1944 и ако не го прифатиме нивното толкување на историските факти ќе не блокираат во ЕУ.                                   

 

Македонската Алијанса им порачува на Борисов, Захариева и Каракачанов да не се занесуваат. Гоце Делчев и Даме Груев ќе станат Бугари тогаш кога Бугарската големо националистичка доктрина научно ќе докаже дека на Марс има Бугарска колонија. Ниту “Илинден” е Бугарски празник, ниту ние имаме заедничка историја со нив. Македонија и Македонскиот народ, особено за време на Втората светска војна, беа на вистинската страна, на фронтот за слобода и правда, се бореа против фашизмот, и заради тоа беа жртва на Бугарската окупаторска војска. Тоа е еден од најпрецизните историски факти дека Македонците и Бугарите не се и никогаш не биле ист народ.      Бараме од немакедонска Влада да ја осуди провокацијата на Каракачанов како непријателски чин кој ги нарушува наводните добрососедски односи. Никола Димитров да го прогласи за “персона нон грата” и да му забрани влез во Македонија. Ако Грчките погранични власти можеа мене, со Американски пасош, да ми забранат влез, само заради тоа што сум Македонец, тогаш на еден Каракачанов кој среде Скопје се обиде да не понижи како нација треба да му се покаже каде му е местото. Македонската Алијанса ги повикува ЕУ и НАТО да реагираат на оваа провокација на Министер на нивна земја членка, бидејќи со вакви потези се рушат сите принципи и вредносни стандарди на кои почиваат овие сојузи.                                                             

 

Дрскиот однос на Каракачанов е потврда дека сме во право дека Бугарските власти немаат искрен пристап во обидот да се затворат отворените прашања што ги оптеретуваат нашите билатерални односи со децении. Во спротивно, со Договорот експлицитно ќе го признеа Македонскиот национален идентитет и ќе прифатеа обврска да ги спроведат пресудите на Европскиот Суд за човекови права и да го регистрираат ОМО Илинден-Пирин. Ние со сите политички средства ќе се бориме Македонија еднострано да го раскине Договорот, повикувајќи се на членот 13, точка 3.  

 

МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА НЕ ПРОСТУВА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! 

 

ПОЛИТИЧКАТА КАЗНА ЌЕ ИМ БИДЕ ИСПОРАЧАНА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ! ОД ТОА НЕМА БЕГАЊЕ!          

 

 

                      МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                                              Претседател,  

                                                                                                     Ѓорѓија Џорџ Атанасоски