Писмена реакција за актуелните политички случувања во Македонија

Македонската Алијанса покрај сите свои јавни излагања преку кои изразува загриженост за актуелните состојби во Македонија е длабоко разочарана од политичката незрелост која ја презентираат Македонските политичари.

Нашата Татковина стана заложник на незаинтересирани, некадарни профитери кои тргуваат со иднината на нашата држава со цел исполнување на свои лични бенефити.

Криминалот, корупцијата, раздавањето на се она што е Македонско станаа секојдневие во работата на владините претставници, и како по дефиниција сето тоа поминува неказнето, а симнувањето од власт не треба да е најлошата казна која ќе ја добијат. Сведоци сме дека неспособните лидери од двете најголеми и спротивставени политички партии, кои успеаја да го скараат народот меѓу себе, се спасуваат еден со друг, правејќи пазар од иднината на нашите деца, а трагикомедија од правосудниот систем.

Жалиме што имаме Премиер кој мисли и јавно говори дека Македонците секогаш си присвојувале туѓа историја. Би сакале да го прашаме Премиерот, што он смета дека е наша историја, наше наследство од оние кои ја створиле оваа држава?!

Да, некој се борел по цена на својот живот за он да има што да разнебитува и продава!

Поразително е што една млада држава како нашата имала поголем демократски и политички капацитет пред педесетина години, кога била дел од СФРЈ, а денес упорно покажува политичка незрелост и неподготвеност да се постави како рамноправен партнер во евроатланскиот сојуз!

Во овие 28 години независност се покажа дека е време политичката сцена целосно да се трансформира, да се поздравиме со корумпираните политичари кои вака или онака се дел од политиката во текот на целата на Македонска независност, бидејќи се профили на кои им недостасува интегритет, визија и подготвеност своите лични интереси да ги остават на страна за да создадат зрела, модерна држава. Веруваме дека помеѓу сите Македонци има лидер кој ќе ја спаси нашата Татковина!

Голема е загриженоста во поглед на неможноста да се воспостави внатрешен политички дијалог за суштинските прашања од највисок национален интерес во пресрет на очекуваното одредување датум за преговори со ЕУ.

Фактот дека странски претставници се постојано присутни и се дел од поставувањето на било каква реформа во државата е пораз и истото не покажува дека имаме пријатели во меѓународната заедница, туку укажува на политичката неписменост на македонските политичари.

 

Од друга страна соседите не само што сакаат да ни ја сменат историјата, сега им е дозволено и да ја креираат нашата иднина!

Единствена светла точка е Македонскиот народ кој веруваме дека повеќе нема да дозволи некој упорно да не влече во калта! 

Македонија е земја на храбри луѓе кои секогаш знаат како да ја испорачаат казната на душманите на својата татковина! 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

 

                      МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                          Претседател,  

                                                                                 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *