Општинската организација Тетово при Црвениот крст неделава организира две крводарителни акции во Тетовско. Акции се организираат во соработка со Институт за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија – Центар за трансфузиона медицина Тетово.
– Во просториите на Општина Желино на ден 16 јули 2019 година, вторник, ќе се организира вонредна граѓанска акција на крводарување со почеток од 10:00 до 14:00 часот. Во просториите на Служба за Трансфузиона Медицина во Тетово на ден 17 јули 2019 година, среда, ќе се организира вонредна граѓанска акција на крводарување со почеток од 08:00 до 18:00 часот, соопшти општинската организација на Црвениот крст Тетово .