Во културно спортското друштво „Македонија“ во Малме, Шведска членките од женскиот актив направија уметничка работилница со децата од дијаспората, изработувајќи различни новогодишни фигури од хартија и други материјали, коишто ги претставија изложбено во просториите на друштвото.
Беше организирана и посета на Дедо Мраз кој ги пофали вредните раце на дечињата и им подели подароци- донирани од членките на активот.Оваа прекрасна предновогодишна дружба им овозможи подобро да се запознаат и да продолжат да се дружат во Новата годна, рече Лилјана Стоилковска Андоновска.
Во рамките на предновогодишните активности, направени се и интернационални средби со гости на клубот од различни етникуми, пришто друштвото „Македонија“ се претставува со свои кулинарски рецепти кои традиционално потекнуваат од нашето поднебје.