Министерот Филипче се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството

 Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со претставници на синдикатите од областа на здравството.

На средбата се разговараше за мерката за зголемување на паушалите за дежурства, како што беше претходно ветено, информираат од Министерството за здравство.

Овој вид средби, како што се наведува, ќе бидат редовна практика и во наредниот период, при реализација на активности, кои се во интерес на медицинскиот персонал.

Целта е максимално вклучување на синдикатите, како и сите засегнати страни во имплементацијата на оваа, како и други мерки за унапредување на статусот на медицинскиот персонал, посочуваат од Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *