Според Африканската фудбалска конфедерација, фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет, Мохамед Салах е најдобар африкански фудбалер за 2017 година.
Ова признание е второ за Салах, бидејќи во изборот на ББС е исто така избран за најдобар африкански фудбалер за изминатава сезона.
Во конкуренција за избор на најдобар фудбалер на Африка покрај Салах беа и Садио Мане од Сенегал, инаку соиграч на Салах во Ливерпул, како и Пиер-Емерик Обамејанг, фудбалер од Габон кој игра за Борусија од Дортмунд.
За Салах ова е прво признание од овој вид, а досега најуспешни со по 4 признанија се Семјуел Ето и Јаја Туре.