САЛАХ НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР НА АФРИКА

Според Африканската фудбалска конфедерација, фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Египет,  Мохамед Салах е најдобар африкански фудбалер за 2017 година.

Ова признание е второ за Салах, бидејќи во изборот на ББС е исто така избран за најдобар африкански фудбалер за изминатава сезона.

Во конкуренција за избор на најдобар фудбалер на Африка покрај Салах беа и Садио Мане од Сенегал, инаку соиграч на Салах во Ливерпул, како и Пиер-Емерик Обамејанг, фудбалер од Габон кој игра за Борусија од Дортмунд.

За Салах ова е прво признание од овој вид, а досега најуспешни со по 4 признанија се Семјуел Ето и Јаја Туре.

 

SHARE