Навивачката група “Чкембари”, го крена својот глас против сите оние кои изминатава сезона беа какви-такви спонзори на клубот, но кои го оставија на цедило и во долгови до гуша. Локалната самоуправа има желба да го финансира клубот, има и одвоено буџет, меѓутоа не сака да ги плаќа долговите кои ги оставија т.н спонзори на Пелистер. Само како потсетување, во изминатава сезона спонзори на клубот беа Орка холдинг, Пелистерка, ЗИК Пелагонија и Жито Битола.
Општината испрати апел до спонзорите да ги подмират долговите за да може клубот да функционира, но од својата страна , во свој стил тоа го направија и членовите на НГ “Чкембари”, кои се чини се единствените кои во една ваква ситуација можат да ја средат работата.
-Не може некој да купува мерцедеси од по 100 000 евра, а истовремено да си поигрува со спортската гордост на цел еден град.Сакаме да ве известиме дека навивачката група “Чкембари” нема да седи на страна и немо да ги следи овие случувања. Пелистерка, Жито Битола и ЗИК Пелагонија, завршете ги своите обврски према клубот, да не не можете да си ги завршите вашите основни дејности – е дел од напишаното во апелот на навивачката група “Чкембари”.