ЕЛМАС ДОБИ ПРАВО НА НАСТАП

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, околу кого летово се крена голема прашина, конечно доби лиценца за да може да настапува за еден од најдобрите турски клубови Фенербахче.

Проблемот со кој се соочи Елмас беше бројот на странците кои смеат да настапуваат за еден клуб во турското првенство. Двојбата на Фенербахче беше дали последната лиценца ќе ја добие Елмас или Робин Ван Перси, кој и онака не ги задоволуваше вкусовите не само на управата на клубот туку и на бројната армија навивачи. Веројатно тоа, а и младоста на нашиот фудбалер беа пресудни за менаџерот на клубот, Ајкут Кочаман, да одлучи лиценцата да ја добие тој а не Ван Перси.

Од денеска Елмас и официјално е дел од тимот кој ќе треба да покаже што знае и умее на теренот, па сега неговата кариера ќе зависи само од него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *